Spread the love

Во интервјуто за нашиот веб онлине портал Еуромапрес со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола кој го направи нашиот новинар Орхан Тахир,се забележува нејзиниот дипломатски пристап кон теми поврзани со претставеноста на Ромите и присуството на пратеници со екстремистички ставови. Во нејзините одговори се нагласува важноста на европските вредности како што се разноликоста, инклузивноста и транспарентноста, но конкретните одговори на прашањата на нашиот новинар се заобиколуваат.

Кога е прашана за недостатокот на ромски претставници во новиот Европски парламент и присуството на анти-ромски политички сили, Мецола прво ја истакнува важноста на различноста и правата на сите европски граѓани, вклучително и Ромите, но префрлува одговорност на националните партии кои ги избираат кандидатите. Со ова, избегнува да даде јасен одговор на тоа зошто, и покрај европските стратегии, не се постигнати резултати во поглед на подобра претставеност на Ромите.

На прашањето за европратениците кои имаат историја на говор на омраза и екстремизам, Мецола повторува дека парламентот е против расизам и екстремизам од секаков вид и дека постојат правила и кодекси на однесување што треба да се почитуваат. Таа нагласува дека институцијата ги презема овие принципи сериозно, но избегнува да коментира за специфичниот случај на европратеник осуден за говор на омраза против Ромите. Наместо тоа, го пренасочува разговорот кон формалните процедури на парламентот и неговата посветеност на интегритетот и транспарентноста.

Кога се поставува прашањето за нејзините јавни заложби за борба против антициганизмот и како Европскиот парламент ќе се справи со пратениците со екстремистички ставови, Мецола повторно зборува за долгорочната посветеност на Европскиот парламент кон ромската инклузија и го споменува проектот HERO, фокусирајќи се на позитивните активности за поддршка на ромските заедници. Сепак, директниот одговор на прашањето за тоа како ќе се справи со европратеници осудени за анти-ромски ставови е избегнат. Во нејзиниот одговор, повеќе се потенцира антисемитизмот отколку антициганизмот, што може да остави впечаток на пренасочување на фокусот од прашањето што беше поставено.

Уредничка анализа на

Сулејман Мухаџер -Мике

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading