Интересен факт е дека многу ромски групи, семејства не ја познавата својата историја,културата на други групи и под ромски групи како и верувањата дека ромските дијалекти се посебни ромски јазици.
Тимот на АЛЦ Таара-вчера го одбележи Меѓународниот ден на Ромите, кој се одржа на 8 април. Овој настан беше одржан во просториите на Хетис, високо средно училиште за труд и социјална интервенција во градот Ница. Преку кратки видео документарни презентации семејствата Роми имаа можност да се запознат со богатата ромска историја, идентитетот и вредностите на нивната култура, преку кое ке помага да се надминат предрасудите и да се изгради посилна и инклузивна заедница.
Покрај поканетите гости, на овој настан со свој допринос кон традиционалната ромска кујна учествуваа и ромски семејства кои се дел од интеграцискиот процес на кој работи АЛЦ. Со нивниот ангажман и вклученост, се засилува свеста за важноста на меѓуетничката хармонија и различноста како основа за напредок и развој на општеството. Во рамките на разговорите со семејствата, дополнително истакнавме значењето на секој поединечен прикажан документарец за нивното ислење, како и различностите во ромскиот јазик, култура, религија и навиките на живот.
Она што е многу важно што АЛЦ ова година одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите бил фокусиран на педагошки час, преку кој семејствата кои се во диспозитивот за инклузија на француската стратегија, се запознат со својата историја, јазик, дијалекти, култура и значењето на овој свтско прифатен празник на Ромите.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.