Spread the love

Изборот на Карол Навроцки за претседател на Полска најверојатно ќе доведе до промени во полската политика кон војната во Украина. Иако тој изразува поддршка за одбраната на Украина од руската агресија, неговите ставови се поограничени во споредба со претходната политика на Полска.

Се очекува промена на официјалнит став на Полска по прашањето на Украина под водство на Навроцки.

Новото раководство кај посматрачите  го буди скептицизмот за членството на Украина во НАТО и ЕУ.

Навроцки се противи на приклучувањето на Украина во НАТО и Европската унија, сметајќи дека тоа може да ги влоши односите со Русија и да ги надмине безбедносните интереси на Полска.

Навроцки ја нагласува потребата од приоритет на полските граѓани во пристапот до јавни услуги. Од друга страна пак Полска првично прими милиони украински бегалци, јавното мислење се промени за бегалската криза со Украинските бегалци.

Одбивање на воена интервенција: Навроцки јасно изјави дека нема да испрати полски војници во Украина, дури и ако тоа го побараат сојузниците, бидејќи Украина не е членка на НАТО.

Иако формално ја поддржува Украина, Навроцки има изразено критики кон украинското раководство, обвинувајќи го за недостаток на благодарност за полската помош.

Иако претседателската функција во Полска е претежно церемонијална, Навроцки има право на вето и влијание врз надворешната политика. Неговото избирање може да го отежне спроведувањето на проевропската агенда на премиерот Доналд Туск и да доведе до политички застој.

Изборот на Карол Навроцки најверојатно ќе резултира со поограничена и условена поддршка за Украина, со фокус на националните интереси на Полска и зголемен скептицизам кон интеграцијата на Украина во западните институции.

Наброцки во својата изборна програма  ветил поголем фокус на „традиционалните вредности“ и национален идентитет

Навроцки и неговата политичка ориентација се залагаат за зачувување на „полската култура и христијанските вредности“, што често се поврзува со поостра реторика кон малцинствата кои се гледаат како „различни“ или „неинтегрирани“.

Во минатото, слични ставови доведоа до маргинализација на Ромите, особено во однос на пристапот до образование и социјални услуги.

Десничарските влади често го ограничуваат пристапот до социјални програми за маргинализирани заедници под изговор на „борба против злоупотреба“.

Ромската заедница, која се соочува со хронична сиромаштија и невработеност, може да биде особено погодена ако се намалат социјалните програми или се воведат построги критериуми.

Навроцки ја нагласува потребата од „ред и закон“, што во пракса може да значи поагресивен полициски надзор во ромските населби, нешто што е веќе евидентирано во одредени делови на Полска.

Иако се презентира како „заштита на јавниот ред“, вакви мерки често водат до етнички профилирања и дискриминација.

Во досегашните говори и програми, не постои посветена стратегија или политика за подобрување на состојбата на Ромите.

Ова укажува дека ромската заедница нема да биде приоритет во неговиот мандат, а можеби ќе се најде и под зголемен притисок.

 

 

 

 

 

 

Loading

Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading