Доан Сулејмановски, магистер по казнено право и директор на средното стручно училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“ од Скопје, Шуто Оризари. Тој е дел од Младинскиот совет и член во Комисијата за помилување формирана од Претседателката на РС Македонија Проф. Д-р. Гордана Сиљановска-Давкова. Добитник на престижната награда доделена од Европската Комисија за особен придонес во интеграцијата на Ромите во областа на образованието. Сулејманоски е докторант по казнено право, активен чинител, кој важи за еден од највлијателните млади Роми во Македонија, кој преку личен пример и работа придонесува за подобрување на условите за младите, но и за достоинствена интеграција на ромската заедница.
ЕРП: Како ја оценувате моменталната состојба со образованието на ромските деца во Македонија, надвор од вашето училиште?
Д.С: Споредбено со претходните состојби и ситуации нивото на образование кај Ромите е значително подобрено, па така оваа сфера на делување можеме да кажеме дека е малку појака за разлика од другите општествени сфери на делување на Ромскиот народ. Факт е дека имаме деца кои се изоставени од системот на претшколското образование, а потоа и од основното и средното образование, но сепак проблемите во овие области не се како во минатото.
Ваквата состојба се должи дел на задолжителното основни и средно образование, а дел и на современите општественит екови и подобрување на свесноста за важноста на образованието. Високото образование исто така забележува напредок но, тоа е посебна приказна врз која влијаат голем број на општествени фактори, но сепак и таму ситуацијата не е алармантно лоша. Посебно прашање е моментот на бројката на упис и бројката на завршено високо образование, но верувам дека свеста за значењето и важноста од образованието оди во нагорна линија и овој проблем во иднина благо би се надминувал. Ако ме прашате за генерална оценка од 1 до 5, состојбата со образованието ќе ја заокружам на оценка 3.
ЕРП: Кои се најчестите пречки со кои се соочуваат ромските ученици во пристапот до квалитетно образование?
Д.С : Пречките врз процесот на образование се разнолики и потекнуваат од различни извори и тоа: од личноста, од семејството, од општеството и оптествените вредности, па дури и од квалитеот на образовниот систем во државата. Клучна пречка не можеме да кажеме дека е социјалната и економската загорзеност, па да играме на таа карта дека ова е проблем за немање на доволен број образовани Роми. Според мене, поклучен проблем е вербата во образованието, свесноста за важноста на истото и свесност дека тој вложен труд и време би се исплатил. Многу Роми тргнуваат од моментот „ни татко ми успеал, ни јас“ но тоа треба да се надмине. Неверувањето во важноста и корисноста на образованието за лична егзистенција не зависи само од микро фактори, туку и од генералната ситуација во државата, корупцијата, партизираноста, непотизмот, местените конкурси, влијанието на политиката при вработувањето и при доделувањето на фунцкиите и слично, па сето ова комбинирано со општествени-морални вредности, недоволна свесност и доверба во процесот, економска нестабилност на семејствата и слично влијае врз пристапот до квалитетно образование.
ЕРП: Колку државните мерки, стипендии и програми имаат реален ефект врз образовниот процес кај Ромите?
Д.С : Како и што истакнав, не смееме да кажеме дека мерките на државата во соработка со НВО секторот не вродија со плод – тие се клучната причина за напредок на состојбите во ова општествено поле. Законските измени во делот на претшколско, основно, средно, но и високо образование, воведувањето на стипендии, државни поволности, менторства, туторства и друго се клучни мотиватори и фактори за да се дојде до успешен процес во едукацијата. Одредени мерки и практики кои беа застапени само во граѓанскиот сектор, со тек на време државата ги презеде на свој товар и сега се тие во рамки на законските одредби во оваа сфера.
ЕРП: Вашето училиште постигнува забележителни резултати – што конкретно правите поинаку?
Д.С : Да не звучи егоистичи, но со моето доаѓање на чело на СУГС„Шаип Јусуф“-Скопје, училиштето започна нова ера на општествено влијание врз заедницата и пошироко. Голем број на ученици стекнаа дополнителна мотивација, им се создадоа можноста за личен, професионален и кариерен развој, почна да се работи на голем број проекти, наставни, но и вон-наставни активности, се добијаа извонредни резултати од натпреварување во различни области од науката и уметноста, се воспостави структура за практичнас настава и учење преку работа, се презедоа инфраструктурни и опремувачки зафати … генерално се создаде основа за изградба на добар бренд и препознатливост на училишна средниа која обединува, промовира и едуцира. За сето ова потребна е искрена намера, љубов и сакање на она што се работи. Формулата за ова е посветеност и желба за промена – ништо друго.
ЕРП: Дали и како ромските родители и локалната заедница можат повеќе да се вклучат во поддршка на образованието на децата?
Д.С: Соработката со родителите, да бидам искрен е делумен проблем на кој училиштето системски пристапува за негово надминување. Ние ден денес се соочуваме со родители кои тешко можеме да ги добиеме, а уште потешко да ги замолиме да дојдат на родителска средба, советување или било каков состанок – кој е од нужна потреба за здрав развој и образование на детето. Вклучувањето на локалната заедница и родителите е најдобриот пат за подобар успех, ние имаме вклученост на родителите и локалната заедница во нашето делување, интерни процедури и активности, но процентот на интерес за вклучување од страна на родителите треба да се зголеми и тоа е проблем на кој треба сите заеднички да работиме. А можностите за вклучување се различни: тела, комисии, соработки, практична настава, настани, проекти, акции и слично , секогаш има просотор каде може да се вклучат и каде можат да помогнат.
ЕРП: Што за вас значи „интеграција“ на Ромите во македонското општество? Како да се избегне асимилацијата во тој процес и кои се најгорливите системски проблеми што го кочат процесот на интеграција на Ромите во Македонија?
Д.С. Процесот на интеграција е клучен при градење на мулетиетничко општество кое претставува безбедна и пријатан средина за секој. За мене интеграција на Ромите значи: давање на еднакви можности, градење на систем за надминување на оневозможувањата за нивен пристап до јавниот сектор во секоја смисла на зборот, загарантирани и овозможени и заштитени човекови права иу слободи, фер и еднакво третпан во јавниот и приватниот сектор, разбирање, толеранција и слично.
За надминување на овој проблем, потребно е политичка волја и моќ, амбиент на правна држава…
Дискриминацијата и сите форми на нејзино остварување, за жал и ден денес се присутни во голем дел од општествените односи и во јавниот и во приватниот сектор, но борбата со оваа појава треба да потекнува од личноста, од самата ромска заедница, но не смее да се изостави волјата на државата и партнерското постапување на институциите. За надминување на овој проблем, потребно е политичка волја и моќ, амбиент на правна држава и владеење на правото во самата држава и свесност за гласност и борба во оваа сфера.
Најгорливите системски проблми кои ја кочат интеграцијата се различни и ова тема е комплексна, ткаа што може да се разгледува од повеќе аспекти и на повеќе нивоа. Како најклучни проблеми кои влијаат кон кочење на интеграцијата се: немањето на доволна свесност за зачувување на културата, идентитот, традицијата и историјата, немањето на сенс за заедништво и колективно решавање на проблемите, немањето на соодветно политичко застапување и соодветно таргетирање на проблемите на ромите во програмите на ромските и не-ромските политички партии, немањето на јасен концепт на заеднички приоритети, себедискриминацијата, немањето на праведен и правичен систем во државата, непочитувањето на законите итн итн.
ЕРП: Како ја доживувате доделената награда од Европската Комисија? Што значи таа за Вас лично, но и за заедницата?
Д.С: Искрено лично ја доживувам како една од најдрагите награди и дотигнувања во мојот живот. Тоа е признанија со која се верифицира и потврдува мојот труд, признание кое укажува дека некој гледа она што го работам и за она што се трудам.
Оваа награда е моја, но и заедничка, на моите ученици, на моите колеги и на нашето училиште, иако при номинацијата влијаат и личните активности карактеристики и делување на кандидатот. Значењето е големо, затоа што укажува на заедницата дека некој ја вреднува, испраќа порака дека трудот се исплаќа и мотивира многу млади и семејства наоколу за значењето, важноста и исплатливост ана образованието.
ЕРП: Какво е вашето искуство како член на Советот за млади при Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и како ја оценувате вклученоста и поддршката што младите, вклучувајќи ги и младите Роми, ја имаат во процесите на одлучување во земјата?
Д.С: Генерално гледано Ромите имаат проблем и оневозможување да се вклучат во одлучувањето во државата, а не пак младите Роми. Тргнувајќи од фактичката состојба на вклученоста и влијанието на Ромите во одлучувањето во државата, ќе дојдеме до заклучок дека младите Роми навистина се изоставени од овие процеси. Единствена опција е тие да бидат вклучени во: граѓанскиот сектор и од таму гласно да делуваат, евентуално во некои локални младински совети кои според мене повеќе се декоративни од колку со фактичко и ефективно делување, а млади Роми можат да се забележат и во политикикте партии од каде што не верувам дека им е оставено простор да дојдат до израз и да делуваат.
Еден чекор кој што е запоздравување е иницијативата на Претседателката на нашата држава, која реши за првпат во историјата на Македонија да формира едно младинско тело наречено Младински совет и да собери млади од различни области, професии, возрасти и искуства со цел да го слушне нивниот глас и да им даде можност за делување. Но тука мора да се има во предвид дека ова тело делува како консутативно, волонтерско тело во рамки на надлежностите на Претседателот кои ги има предвидено со Уставот на РСМ.
Клучно е да се напомене дека како иницијатива од овој совет беше организирана јавна дебата, средба и прием кај Претседателката Давкова, каде младите Роми имаа можност
Клучно е да се напомене дека како иницијатива од овој совет беше организирана јавна дебата, средба и прием кај Претседателката Давкова, каде младите Роми имаа можност директно и непосредно да зборуваат за проблемите со интеграцијата н Ромите во различни општествени области. Дискусијата беше тематска, одделена по сектори и навистина звучеше експертски, мотивирачи и искрено, од истата се презедоа одредени чекори и произлегоа препораки.
Клулчна порака која сакам да ја упатам до сите млади Роми е дека, ако видат дека вратата е затворена, треба да влезат од прозорец, а ако нема прозорец, на слободниот ѕид треба да го создадат. Со ова порака сакам да кажам дека опција секогаш има, можностите се достапни, се зависи од личното ниво на образование, знаење, вештини и умешност.
ЕРП: Како ја оценувате досегашната политика на државата кон ромската заедница ,што е постигнато, што е пропуштено и дали сметате дека Ромите се навистина политички претставени или повеќе се користат како гласачка машинерија?
Д.С: Мое лично мислење е дека ние како Роми не добивме многу, поради самите нас, а не поради немањето на соодветна волја за наше политичко третирање и позиционирање во државата. Тоа е така затоа што секој поединец од нашата заедница, преговара, договра и кодиши тргнувајќи од личните интереси и интересите на неговиот круг, најблиските и бизнис цели.
Како народ ние лесно се продаваме, лесно договараме, лесно попуштаме, а тоа е така токму поради нас.
Како народ ние лесно се продаваме, лесно договараме, лесно попуштаме, а тоа е така токму поради нас. Политиката и состојбите со државата – се тие што се, таа навидум изгледа бинационална држава отколку држва на секој граѓанин, но сепак што и да е нас ни е потребен обединувачки дух, соодветна стратегија и квалитетно лидерство и застапување. Отворањето на политички партии го направивме како личен бизнис дооел компанија, ние сме единствен феномен на толку малку народ со толку многу политички партии, во една таква состојба апсурдно е да се зборува што добивме, а што изгубивме, затоа што соодносот е еден спрема сто.
Од аспект на тоа дали Ромите се соодветно политички претставни, истакнувам дека не се. Доколку стратешки и правилно се поставиме, ние можеме да имаме 2-3 пратеници најмалку и тогаш приказната е многу поразлична. Свеста за политичко партиципирање, вреднување на дадениот глас, политичката и правната култура, кај нас се на многу ниско ниво, па затоа често сме синомим за гласачка машинерија. Дополнително тоа е така, затоа што ретки биле и ретки се ромските лидери кои создале идеологија и следбеници на истата, ретки се партиите со оодветни програми и нивна борба за реализација на истите, а не можеме да зборуваме за интегрирање на нашите барања во големата слика ако се расцепкуваме и хаотично ако делуваме.
ЕРП: Што сметате дека е најважниот чекор кој треба да се направи за вистинска промена во ромската политичка положба?
Д.С: Најважниот чекор е освестувањето и заедничкото делување, а потоа давае на доверба на нови лица со мотивација, соодветно образование, искрени намери – лица кои не се потрошени, лица од кои заедницата може да очекува но и да верува. Сега, ние сме во фаза на „bellum omnium contra omnes,, „војна на сите против сите“, и се додека сме во таа фаза нема напредок. Но, напредокот не се прави само со дискусија и онлајн активизам, туку со акција и вмрежување. Значи, првиот чекор е заедништвото и обедуниувањето на секој што на некаков начин може да придонесе, потоа демократизација на партиските структури и делување, вклучување на нови лица во политичкото делување и јасна визија и стратегија со јасни прриоритети – Што на Ромите им е потребно во следните пет или десет години. Но, ова не може да го прават луѓе без знаење, експертиза, животно и политичко искуство и искрени намери, па затоа тоа треба да го направиме сите.
ЕРП: Каква е вашата визија за ромската заедница во Македонија во следните 10 години – во образованието, политиката и општеството?
Д.С: Навистина тешко прашање, но ќе се обидам да бидам јасен и концизен.
Змислувам, верувам и очекувам промени. Очекувам млади луѓе кои гласно ќе говорат, млади луѓе кои искрено ќе се вложат и ќе отстапат од досегашните практики на политичко и општествено делување, очекувам поголема видливост и застапеност во секое поле.
Во образозованието очекувам дека ќе имаме многу поголем број на дипломирани Роми, магистри, доктори на наука, професори, наставен кадар и слично. Очекувам дека ќе го намалиме процентот на деца неопфатени во стадиумите на образование и очекувам дека вербата во образованието ќе биде зголемена и дека ќе се изгради поголем тренд и култ кон едуцирањето. Мислам дека веќе сфатија дека без образование сме ништо, но дотогаш не само што ќе сфатат туку и ќе им биде и потврдено.
Во политиката не сум толку многу оптимист дека ќе има ригидни промени, но очекувам промени и придвижување, во најмала рака соодветна и правична застапеност во институции каде досега било мисловен поим зборот Ром, тука мислам на пратеници, а не само на пратеник, министри и тоа не само министри без ресор и заменици министри, очекувам барем по некој судија или обвинител и тоа не само во Скопје, очекувам дека Роми ќе ги водат институциите кои се за заштита на слабите, маргиналзиираните и обесправените. Можеми звучи чудно, но не е невозможно.
А, генерално во општеството очекувам промена на одредени наративи, гласна борба за видливост и на квалитетите и на проблемите.
А, генерално во општеството очекувам промена на одредени наративи, гласна борба за видливост и на квалитетите и на проблемите. Очекувам млади луѓе, семејства, родители, фамилии и променет народ (особено помладите лица) со верба во општествените вредности особено образованието, со поголема мотивација и свесност за надминување сите прашања и проблеми поврзани со Ромите.
Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.