Spread the love

Конер Русо белгиски политичар и председател на фламанската социјалистичка партија Vooruit-Ајде од Белгија, очигледно во пијана состојба, на 2-ри септември во утринските часови, кога била повикана полицијата да интеревнира во клубот каде што тој често навратувал, се пошегувал и омаловажувал двајца полицајци кои го придружувале изнесувајки го надвор.
Тој во ироничен говор им се обраќала на овие двајца полицајци, и ги исмејувал што тие и во сабота работеле за полициска заработка, и дека нивната сила би била подобро да ја употребат кон криминалците, дилерите на дрога и кон Ромите кои според него го окупираа неговиот град.
Тој со расистички говор им се обрати на полицјците со зборовите„ „ Ако сакате да ве почитиуват Ромите треба да ја употребите палката„.
Сето ова било снимено од камерата на еден од полицајците.
Овој негов говор не е само расистички говор према ромската заедница во Белгија која пред се ја сочинуват мигранти од Источна Европа претежно членки на Унијата туку и омаловажување на работата на полицијата, односно дека тие не ја вршат својата работа добро.
Конер Русо, кој призна дека бил пијан таа вечер, бил интервјуиран од полицијата и ја ја претстави својата верзија на фактите.
Притоа, одржа прес-конференција во кафулето „’ Hemelrijk“ во Синт-Никлаас, каде се случија фактите со кои е обвинет.
За време на оваа прес-конференција, претседателот на Vooruit, Конер Русо, се извини за забелешките што ги кажа на почетокот на септември кон  полицајците од Синт-Никлаас, бранејски се дека испил премногу, при тоа исто така извинувајки се на своите изјави кои беа насочени кон Ромите, кои живеат во градот каде што живее фламанскиот социјалист.

Министерот за надворешни работи Хаџа Лахбиб (МР на својот Х-Твитер профил напишал дека расизмот за забава е расизам. Пијан расизам е расизам. Расизмот по изговори останува расизам.
Расистичкиот став на Русо не би бил изненадување доколку тој став е произнесен од страна на десните радикални националистички партии, но ако тој став доаѓа од лева ориентирана партија тогаш тоа е голем скандал.
Се поизвесно е кога во прашање е ромската заедница во Европа расистичкиот говор стана вообичаен во политиката без разлика на политичката идеологија на политичките партии.
Дали ќе може да се верува на социјалистите чии вредности на солидарноста се во срцето на нивните програми, или пак самите ја игнорират сопствената политичка идеологија кога станува збор за ромската заедница која веќе е во голема мера маргинализирана.
Останува да видиме на состанокот на неговата партија која остро го осудува овие негови расистички изјави, при тое давајки можност да се сретнат со ромската заедница, за да ги надминат овие проблеми предизвикани од нивниот партиски лидер.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading