Spread the love

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Декадата на Ромите 2020–2030, Шабан Салиу, денеска беше пуштен од истражниот затвор. Одлуката беше донесена од надлежниот суд, по разгледување на приговорите на одбраната и проценката на ризикот од бегство или влијание врз истрагата.

Според официјалната изјава на неговата одбрана, судот не нашол конкретни докази кои го поврзуваат Салиу со причините и последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 61 лице, а беа повредени над 200 граѓани. Иако обвинението се однесува на негова наводна одговорност како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), судот оценил дека моментално нема основа за понатамошен притвор.

Сепак, како мерка на претпазливост, на Салиу му се одземени сите патни исправи, вклучувајќи го и неговиот дипломатски пасош. Дополнително, тој е должен еднаш неделно, секој понеделник , да се јавува лично во судот и постојано да биде достапен за надлежните институции во текот на понатамошниот судски процес.

Покрај судската постапка која е во тек, Салиу веќе од понеделник се враќа на своето работно место како министер без ресор. Според информации од Владата, неговото враќање во министерскиот кабинет се толкува како дел од принципот на презумпција на невиност сè додека не се докаже спротивното.

 Кај ромската јавност, случајот предизвика позитивни  реакции. Поддржувачите на Салиу ја поздравуваат одлуката на судот, оценувајќи ја како сигнал за фер и непристрасен судски процес.

Истрагата за катастрофалниот пожар сè уште е во тек и вклучува повеќе актуелни и поранешни функционери, кои се сомничат за пропусти во безбедносната регулатива и контроли врз објекти од јавен карактер. Очекувањата се дека следниот период ќе биде клучен за расчистување на улогата на секој од нив во една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.

Loading

Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading