Spread the love

Петтиот Министерски совет за Интеграција на Ромите во 2024 година се одржа на 19 септември во Берлин. Овој настан е организиран со цел да се следи напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на интеграцијата на Ромите, според обврските кои произлегуваат од Познанската декларација за интеграција на Ромите.

Клучните теми на оваа сесија вклучуваа праведно вработување на Ромите, формализирање на неформалните населби, решавање на прашања со граѓанската регистрација, како и инклузивност во зелената и дигиталната транзиција.

На состанокот учествуваше и министерот без ресор на Северна Македонија, Шабан Салиу, кој го претставуваше својот придонес во исполнување на целите за социјална и економска интеграција на ромската заедница.

Целта на состанокот беше да се направи преглед на досегашните резултати од Декларацијата и да се утврдат следните чекори во критичните области како образованието, домувањето, документацијата за лична идентификација, борбата против дискриминацијата и зголемувањето на вработеноста кај Ромите.Министерскиот совет во Берлин беше значаен чекор кон унапредување на правата на Ромите во регионот, а учеството на претставници како министерот Шабан Салиу ја рефлектира посветеноста на Северна Македонија кон оваа кауза.

Според министерот задолжен за спроведување на македонкста стратегија на Ромите 2020-2030 од Р.С. Македонија Шабан Салију состанокот беше важен чекор за оценување на досегашниот напредок и поставувањето нови цели за идната интеграција на ромската заедница во општествата во регионот.

“Иако Стратегијата е во примена веќе пет години,

постојат значајни предизвици кои треба да се надминат.  Кога се работи за Ромите, неопходно е да се работи и со Ромите, бидејќи тие најдобро знаат што им е потребно и како може да се подобри нивната состојба. Вклучувањето на Ромите во општествените процеси е клучен момент. Само преку активно учество на Ромите, можеме да постигнеме вистинска интеграција и да создадеме услови за подобар живот.” истакна Салиу во обраќањето.

Петиот министерски совет за Интеграција на Ромите е регионален собир кој се одржува со цел да се разгледа напредокот во процесот на интеграција на ромската заедница во Западен Балкан и Турција. Овој совет е дел од пошироката иницијатива и е тесно поврзана со агендата за проширување на Европската Унија. Целта на советот е да ги координира напорите на земјите од регионот во однос на подобрување на социоекономските услови и интеграцијата на Ромите, како и да ги поддржи реформските процеси во овие земји.

Што претставува министерскиот совет за Интеграција на Ромите:

Платформа за соработка: Советот служи како платформа каде што министрите и претставници од земјите на Западен Балкан и Турција се собираат за да разменат искуства и најдобри практики во областа на интеграцијата на Ромите.
Процес на следење: Се разгледува напредокот на земјите во исполнување на целите на Националните акциски планови за интеграција на Ромите, кои се клучни за процесот на евроинтеграција.
Поддршка на Ромите во клучни области: Советот се фокусира на теми како што се образованието, здравството, домувањето, вработувањето и борбата против дискриминацијата и социјалната маргинализација.

Значењето на советот:

Интеграција и евроинтеграции: Оваа иницијатива е поврзана со процесот на интеграција на земјите од регионот во Европската Унија. ЕУ поставува високи стандарди за човекови права и социјална инклузија, па напредокот во интеграцијата на Ромите е важен индикатор за исполнување на овие критериуми.
Годишно организирање: Советот се организира на годишно ниво, за да се овозможи континуирано следење и напредок во спроведувањето на мерките за поддршка на ромската заедница.
Клучни точки од петтиот совет во Берлин:
Регионална соработка: Земјите се договорија за зајакнување на соработката и подобра координација на политиките и програмите за поддршка на Ромите.
Економско зајакнување: Една од главните теми беше економското зајакнување на Ромите преку обезбедување пристап до пазарот на труд, професионално оспособување и поттикнување на самовработување.
Домување и здравје: Советот исто така ја разгледа важноста на пристапот до квалитетно домување и здравствена заштита за ромската заедница, како клучни области за подобрување на животните услови.
Образование: Посебен акцент се стави на образованието на ромските деца и младинци, со цел да се намали нивниот социјален јаз и да се создадат услови за поголема инклузија во општеството.
Антидискриминација: Беше истакната потребата од зголемување на напорите за борба против дискриминацијата и предрасудите кон Ромите, што претставува клучен аспект на интеграцијата.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading