Во последниве години, сведоци сме на значајни политички промени во Европа, а посебно во Германија, каде што дел од традиционално левичарските гласачи, како што се Ромите и Турците, почнуваат да ја менуваат својата политичка ориентација кон десницата. Овој феномен, кој можеби на прв поглед изгледа парадоксален, во суштина е резултат на сложената политичка и социјална ситуација во земјата.
Еден од најконтроверзните примери е поддршката на партијата Алтернатива за Германија (АФД), позната по своите екстремно десничарски и антимиграциски ставови. Но, што ги привлекува Ромите оние со право на глас кон оваа политичка опција?
Германија веќе неколку години се соочува со зголемената несигурност, која е последица на миграциските бранови, особено од Блискиот Исток и Северна Африка. Дел од имигрантската заедница, вклучувајќи ги и Ромите, чувствуват дека нивната безбедност е загрозена. Нападите и криминалот што се поврзуваат со одредени мигрантски групи создаваат чувство на несигурност кај веќе интегрираните имигранти, кои живеат и работат во Германија со децении.
Во своите пред изборни настапи, АФД често истакнува дека нивната политика не е насочена против сите странци, туку против оние кои не се интегрирани и кои учествуваат во криминални активности. Оваа реторика на многумина Роми им звучи примамливо, бидејќи во неа гледаат можност за заштита од криминалот што произлегува од новите мигранти, а не закана за нив самите како интегрирани граѓани.
Традиционално, Ромите во Германија беа политички ориентирани кон левицата, која се залагаше за нивните права и интеграција.
Иако на краток рок многумина можат да го оправдаат својот избор на десничарските партии како АФД, останува прашањето дали ваквата промена е во нивен интерес на долг рок. Историски, партиите со десничарска идеологија честопати биле непријателски настроени кон малцинстватапред се према Ромите . Политиките што денес изгледаат како заштита од новите мигранти, утре може да се претворат во политики насочени кон сите странци, вклучувајќи ги и оние што денес се чувствуваат безбедни.
Од друга страна, ако либералите не ја разберат загриженоста на своите традиционални гласачи и продолжи да води политики кои ја поттикнуваат несигурноста, овој тренд на преминување кон десницата може да стане траен.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.