Локалните избори во Белгија стануваат важен момент за ромската заедница, посебно за оние Роми кои имаат потекло од Македонија. Иако Ромите немаат своја етничко-национална политичка партија, нивното учество во белгиските политички процеси преку интеграција во постоечките политички партии станува сè поизразено. Ова учество не само што ја зајакнува ромската политичка свест во Европа, туку и го зголемува нивниот интерес за директно политичко делување.
Учеството на ромските кандидати на овие локални избори не е прашање на нивните квалификации, туку одраз на нивната желба за борба против длабоко вкоренетите стереотипи. Со години, ромската заедница е етикетирана како незаинтересирана за политичкиот живот, но ваквите иницијативи покажуваат дека таа е подготвена да преземе активна улога во решавање на сопствените проблеми. Преку директно политичко влијание, ромските активисти сакаат да докажат дека нивната заедница е подготвена да се вклучи во креирање на локалните политики и во развојот на поширокото општество.
Во неколку општини во Белгија, ромски кандидати се појавуваат на листите на различни политички партии. Најголем број на ромски кандидати има во општината Бом, каде ново формираната мултинационална партија „Бом+“ има дури пет кандидати од ромско потекло, најголем дел од нив со потекло од Македонија. Партијата „Бом+“ е карактеристична по својата разновидност, бидејќи меѓу нејзините членови се вклучени и лица од Македонија, Косово, Авганистан, Мароко, Тунис, Алжир, Конго, Нигерија и други земји.
Политичката партија „Les Engagés“ исто така има два ромски кандидати, двете од Македонија, кои се кандидирани за советнички позиции во општините Шарлерои и ХЛ. Ова е пример за тоа како ромските активисти добиваат можност за учество во политичкиот живот, со надеж дека ќе помогнат во отстранувањето на бариерите и ќе ги претставуваат интересите на својата заедница.
Овие избори ја покажуваат важноста на ромското политичко ангажирање во Белгија, не само како симболична акција, туку како вистинска можност за влијание врз политичките процеси и за остварување на поголема инклузивност во белгиското општество.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.