Spread the love

Претседателката на Унијата на Ромите, Фатима Османовска, која воедно е и советничка во Општина Шуто Оризари, преку својот официјален профил на Фејсбук најави иницијатива за покренување тужба и поднесување претставка поради навредливи и дискриминаторни изјави изнесени во неодамнешната епизода на емисијата „Тешки муабети“, емитувана на Инфомакс.

Повод за реакцијата е настапот на јавната личност и политичар Филип Петревски, кој во текот на гостувањето употреби навредлив и перјоративен израз „циган“ за да опише однесување поврзано со алчност и несериозност. Иако подоцна  со ироничен тон се обиде да направи „разлика“ меѓу „Роми“ и т.н. „цигански работи“, според Османовска, ваквата реторика директно ја поттикнува дискриминацијата и ги зајакнува негативните стереотипи кон ромската заедница.

„Не постои изговор кога се користи збор што со децении служи како средство за понижување и маргинализација на Ромите. Без разлика дали некој вели дека ‘не мислел на Ромите’, употребата на терминот ‘циган’ во негативен контекст директно придонесува кон одржување на дискриминацијата и омразата“,

истакнува Османовска во објавата.

Таа најави дека преку ангажманот на адвокат Срџан Амет и со поддршка од тимот на градоначалникот Курто Дудуш, граѓаните ќе можат да се приклучат кон иницијативата за собирање потписи со цел покренување на правна постапка против ваквите јавни изјави.

Османовска потенцира дека Општината Шуто Оризари стои цврсто зад своите граѓани Роми во борбата против секоја форма на дискриминација. Според неа, ова не е само лична иницијатива, туку институционална заложба за достоинство и еднаквост.

Двата документи тужбата и претставката  ќе бидат официјално поднесени до надлежните институции во понеделник и вторник наредната недела.

Loading

Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading