Spread the love

Тузла, 17 април 2025 , Градот Тузла беше домаќин на меѓународна конференција посветена на политичкото учество на Ромите и Ромките, со посебен акцент на активизмот на младите. Конференцијата ги собра претставниците на властите, ромските организации, активисти и експерти од Босна и Херцеговина, СЕверна Македонија и Србија , со цел да се зајакне политичката вклученост на ромската заедница.

Градоначалникот на Тузла, д-р Зијад Луговиќ, ја истакна важноста на инклузивноста и еднаквоста во локалната заедница:

Во Тузла живееме инклузивно. Според Статутот на Градскиот совет имаме загарантирано едно место за претставник на националните малцинства, а тоа од самиот почеток е претставник на ромската заедница, која е најбројна во нашиот град.

Организаторите на конференцијата  Здружението на Роми „Еуро Ром“ Тузла, „Културен Центар Рома“ Тузла и „Снага на младите Ромки“  ја нагласија потребата за поголема политичка застапеност на Ромите, како на локално, така и на повисоко ниво. Според достапните податоци, во Босна и Херцеговина моментално има само седум советници од ромската заедница на локално ниво, додека на повисоките нивоа на власт нема ниту еден.

Претставниците на организациите порачаа:

Потребно е да се создадат услови Ромите да бидат активни членови на општеството преку политичко делување и да бидат на места каде што се креираат политики  не само за Ромите, туку и за сите граѓани.

Особено внимание на конференцијата беше посветено на вклучувањето на младите Роми и Ромки, како клучен фактор за идните промени и надминување на постоечките стереотипи.

Оваа конференција испрати силна порака за важноста на политичката активност на Ромите и отвори простор за нови иницијативи, регионална соработка и конкретни чекори за подобрување на положбата на ромската заедница.

Видео:

Loading

Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading