Белград, мај 2025 – Неформалната мрежа за поддршка на жената ромка поднесе официјална пријава против песната „Циганче“ на српската пејачка Теа Таировиќ, обвинувајќи ја за ширење и нормализирање на анти-ромски стереотипи. Организацијата бара итна реакција од Повереникот за заштита на еднаквост, Регулаторното тело за електронски медиуми (REM) и Организацијата за заштита на авторски права (SOKOJ).
Во пријавата се наведува дека текстот на песната содржи проблематични и дискриминаторски формулации, при што главниот стих – „као мало циганче остављено на плочнику“ – ја поврзува Ромската заедница со сиромаштија, запоставеност и маргинализација. Ваквите споредби, велат активистите, се штетни и ја засилуваат историската стигма кон Ромите.
„Ќе се бориме за јавен простор без омраза и за музика што го почитува човечкото достоинство. Терминот ‘циганче’ не е само архаичен, туку и длабоко навредлив за Ромската заедница“, велат од мрежата.
Песната, објавена на YouTube веќе има милиони прегледи и значително медиумско присуство. Сепак, реакцијата од граѓанскиот сектор расте, и сè повеќе се бара одговорност од изведувачите и медиумите за содржината што ја промовираат.
Иницијативата моментално е поддржана од 13 организации и 138 поединци од Ромската заедница. Потписниците бараат:
- веднаш повлекување на песната од јавните емитувања,
-
институционална реакција и извинување од изведувачката,
-
ревизија на регулативата што дозволува ширење на етнички стереотипи преку популарната култура.
Од кабинетот на Повереникот за еднаквост сè уште нема официјален коментар, но правните експерти наведуваат дека ваквите пријави претставуваат важен чекор во борбата против говорот на омраза и дискриминацијата.
„Ова не е борба против уметничката слобода – ова е борба за достоинствено претставување на сите заедници, особено оние кои веќе со децении се соочуваат со исклучување“, истакнуваат активистите.
Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.