Чарна Невзати, дваесетгодишна студентка по право и професионален модел, ќе ја претставува Македонија на престижниот меѓународен избор за убавина „Мис на светот 2025“, кој оваа година се одржува во Индија. Потекнувајќи од ромската заедница, Чарна претставува важна симболика на напредок, талент и решителност.
Таа е студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, активна и во дебатни и ораторски настани, добитничка на наградата „Бранко Ѓорчев“ за најдобар сценски настап и победничка на Ораторската вечер „Иво Пухан“. Паралелно со академските обврски, таа гради успешна кариера во светот на модата како дел од агенцијата „Макс Моделс“.
Mедиумските извештаи не ја истакнуваат нејзината етничка припадност, но некои ромски медиуми пренесоа дека Чарна е припадничка на ромската заедница , што го прави нејзиниот успех уште поважен за младите Роми во земјата и регионот. Така доколку е точно ова нејзиното учество на овој глобален настан не е само личен успех, туку и значаен чекор кон видливоста и афирмацијата на потенцијалот кој постои во заедницата, кога младите Роми сè уште се соочуваат со бариери, дискриминација и ограничени можности, примерот на Чарна Невзати испраќа силна порака: дека преку образование, посветеност и самодоверба – може да се стигне до најголемите светски сцени.
Welcome! It’s your first time on this post, and we are glad to have you.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.