Генерално сите сме згрозени од водењето на политика во која постои само промовирање и чији наш избор секогаш бил во негативна селекција во која отсуствува доброто, а преовладава лошото.
Ромската политичка сцена стана стана отуѓен дел од општествената дејност која сите овие години на плурализмот и на повеќе партискиот систем стана цел на остварување на лични и групни интереси, надмоќ и семоќ на политичките кланови, табори и партии.
Куриозитетот на ромската политичка сцена стана процес на покрај досегашните ромски политички партии кои стана наслестсво на жаби и баби… се формират нови без идејна политичка стратегија и агенда.
И покрај многуте само промовирани ромски лидери од кој некои преку ноќ станаа политичари, продавјки или купувајки политички партии, ромската етничка заедница е заробена во лавирнтот на политичкиот правен простор каде е извор на секаква злоупотреба во која нема резултати.
Апсолутно дека сите политички процеси се ставени под нивна контрола, и покрај криците кои се обидуват да ја натерат политиката во правниот простор.
Отсуството на политичка самокритика е јасен сигнал на признавање на заробеност од помалку или повеќе лоши политичари кои ги уживат благодетите добиени од амнезираниот ромски гласачки електорат.
Не може да се бега од вистината дека ромската политика во Р.С. Македонија е генерално без позитивни резултати, барем сега во поново време исклучувајки ги почетоците на влегување на ромските политички партии во новиот формиран општествен облик од времето на осамостојувањето на С.Р. Македонија.
Лошите креирани политики како од ромската така и од актуелните власти се со далекосежни последици кои ке се протегат и во иднина.
Не можеме да очекуваме добра политика ако професијата политичар, со кои некои од ромските лидери се пукат во гради е закована на столбот на срамот.
Интересно е што и излитените и ново компонираните ромски политичари ни ги продават истите приказни само во друга корица.
Да бидам искрен, по ништо не се разликуват тие со оние, кои ветуват ново пакување во иста амбалажа.
Не можам да верувам дека тие не се свесни дека политичкото соединување е круцијален чин во одлучувањето на позитивниот политички процес, со кој можат да се остварат политичките заложби на ромската заедница.
Немат идеологија и партиски програми на кој ке се работи за зближување на партиите, без разлика дали тие ромски политички партии се дел од власта или се опозиција.
Тие немат ниту храброст за признавање на лошите резултати и повлекување од политичката сцена, иако тие ликови сме ги гледале и слушале со години кога биле дел од власта или опоција менувајки ги партиските униформи од избори во избори.
Единственот нивен успех е титулата која ја стекнаа „ Чудесни колосални лицемери„.
Свесни сме на лагите за промовирања на политичка чесност,одговорност и способност, и на оној или оние кои ке посакат да запливат во овие ромски политички води.
Но дали тој или тие ке имат јасен став за нивниот низок јавен и морален статус?
Засега ромската политика оди во правец на чин на посрамена професија, но тоа ромските лидери не го гледат поради нивниот краток видео круг на хоризонтот, без морална свест за одземање на желбата и храброст за политичко унапредување на ромската заедница во опшетсвото во корисни рамки.
Сите ние кои молчиме затоа што не сакаме да се мешаме во ништо или немаме мислење за ништо, а всушност го имаме но го криеме, е причината на нашиот кукавичлук.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.