Spread the love

На вчерашната седница, Владата на Северна Македонија по прв пат ги прифати сите 25 предлог проекти на општината Шуто Оризари. Иако постоеа опструкции од некои ромски лидери на високи позиции во владата, кои се противеа на овие предлози, владиниот одговор беше позитивен, што значи поддршка за руралните средини, вклучувајќи ја и оваа прва ромска општина во светот.

На социјалните мрежи се појавија поединци кои се фалат со својата улога во овој успех, но извори велат дека многумина од нив имале свој дел во напорите за обезбедување позитивен исход за проектите кои се од големо значење за комуналната инфраструктура на општината. Иако дел од општеството изрази незадоволство поради личните конфликти со актуелниот градоначалник Курто Дудуш, тоа не успеа да го сопре напредокот.

Според  наши информации, удел во оваа победа има и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари, како и самата општина, која успешно ги подготви проектите без значителни недостатоци. За комунално-инфраструктуралните проекти, вклучувајќи атмосферска канализација, ќе биде обезбеден буџет од 67.000.000 денари, или околу 1.090.000 евра.

С оглед на потенцијалните манипулации, Владата на Северна Македонија ќе отвори наменска сметка за овие средства, кои општината ќе ги добие во етапи. Шуто Оризари е единствената општина во Северна Македонија која добива толкав значаен износ на средства, независно од критериумот “глава по жител” кој го користи владата за распределба на буџетот за општините.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading