Spread the love

Повторно би скршнал од темата и патем би го поставил прашањето: Дали е задача и одговорност на ромските полувладини организации да ја градат инфраструктурата која истите тие скапо угостени владини претставници се всушност должни да ја градат? Тоа ли е таа солидарност при која се глуми народно херојство… создади или искористи ги хуманитарните непогоди кои ги доживуваат твоите сонародници и потоа дели им хуманитарна помош… за да испаднеш херој или само да дадеш отчет. Можеби јас имам погрешна застарена, па дури и радикална перцепција и просто не можам да согледам како лед светилките и асфалтот прават многу голема разлика во однос на поголемата слика, особено во однос на инклузијата на Ромите во би-етничково општество.

Патот на ромската инклузија многу наликува на бетонираните улички кои се рекламираат како да се автопатот „Братство и единство“ (па дури ни тогаш не биле направени толку фото-репортажи а покривале илјадници километри), а и посимпатично ми било кога патиштата на Ромите воделе кон Трст искрено, а иронично еднакво деструктивно секако. Додека овие бетонски улички водат само од маало до маало, лимитирани како и политичките знаења на нивните грижливи изведувачи, скептик сум дека тие сокачиња некогаш ќе водат кон автентичен соживот со останатите етникуми.
Начинот на кој политичкиот систем денес деградирачки ги третира не само Ромите туку и мноштвото сиромашни е револтирачки! Наводно „по своја волја“ тие се на маргините на урбаните средини каде што е концентриран најзагадениот воздух, живеат во лошо вентилирани неизолирани градби, лишени од хигиена, исправна вода, без соодветни санитарни јазли, па уште нивните импровизирани живеалишта безобразно ги ословуваат како „извори на зараза“.
аде ли е еднаквоста, инклузијата, вијадуктот кој го премостува тој широко промовиран „соживот“ и за тие наши сограѓани оставени на милост и немилост?

Но потворно би потенцирал, сиот тој смет одвратни дренажи па дури и фекалии би се исчистиле, додека токсичните елементи на политичкото лицемерие со пестицидни идеологии се за жал перзистентни.

Руфат Јашари е гласноговорник на обезгласените млади Роми, социјалист со југословенско-кубански карактеристики, дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ како наставник по историја.
Колумната е превземена од Гласни идеи- https://glasniidei.mk/

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading