L’association Solidarité 06, avec l’aide de partenaires locaux et de bénévoles, a organisé un défilé de mode le 18 octobre, qui a attiré l’attention du public. Ce qui rend ce défilé spécial, c’est le fait que les créations sont l’œuvre de femmes sans-abri, qui ont travaillé main dans la main avec dévouement et amour pendant les deux derniers mois. Dans leurs mains, les draps de l’hôtel prestigieux Negresco se sont transformés en robes blanches, symbole d’espoir et de force renouvelée.
Cet événement est bien plus qu’un simple défilé de mode. C’est un témoignage de la persévérance de ces femmes, qui, malgré leur situation difficile, ont trouvé un moyen de s’exprimer et de montrer qu’elles méritent attention et respect. L’atelier Solimode, avec l’atelier Oasis – un centre d’accueil de jour pour femmes sans-abri, est l’endroit où ces émotions créatives ont pris vie. Pour ces femmes, chaque couture, chaque ligne de tissu est un témoignage de leur lutte personnelle, mais aussi de leur désir de renouveau.
Au défilé, le public n’a pas seulement vu des modèles – il a vu des histoires. Des histoires de destinées difficiles, mais aussi de solidarité, de soutien et de joie partagée. Ces robes racontaient des vies, des vêtements qui représentaient la force des femmes en situation de sans-abrisme.
L’exposition photographique, également une partie de cet événement, a encore mieux illustré la beauté et le poids émotionnel de ces créations. Chaque photo était un témoignage des mains qui ont créé ces œuvres, les mains de femmes qui se sont retrouvées à travers ce processus.
Cette soirée à Nice a été remplie d’émotions et de solidarité, et surtout – d’un sentiment de communauté. L’événement a montré que même dans les circonstances les plus difficiles, la créativité et l’humanité peuvent créer quelque chose de grandiose.
„ Бела ноќ: Креативноста и човечноста во величествено издание “
Здружението Solidarité 06, со помош на локалните партнери и волонтери, на 18 октомври организираше модна ревија која го привлече вниманието на јавноста. Она што ја прави оваа ревија посебна е фактот дека креациите се дело на жени бездомнички, кои со посветеност и љубов работеа рамо до рамо во изминатите два месеци. Во нивните раце, чаршафите од престижниот хотел Негреско се претворија во бели, фустани – симбол на обновена надеж и сила.
Овој настан е повеќе од обична модна ревија. Тоа е сведоштво за истрајноста на овие жени, кои и покрај својата тешка положба успеваат да најдат начин да се изразат и да покажат дека заслужуваат внимание и почит. Работилницата Solimode, заедно со ателјето Оазиз – центар за дневен прием на бездомнички, е местото каде што се разбудија овие креативни емоции. За овие жени, секој бод, секоја линија на ткаенината е сведоштво за нивната лична борба, но и за нивната желба за нов почеток.
На ревијата, публиката не гледаше само модели – гледаше приказни. Приказни за тешки судбини, но и за солидарност, поддршка и радост во заедништвото. Тоа беа фустани што раскажуваат живот, облека која ја претставува силата на жената во услови на бездомништво.
Фотографската изложба, исто така дел од овој настан, дополнително ја отсликуваше убавината и емотивната тежина на овие креации. Секоја слика беше сведоштво за рацете што ги создале овие дела, рацете на жени кои повторно се најдоа себеси низ овој процес.
Оваа вечер во Ница беше исполнета со емоции и солидарност, и пред сѐ – со чувство на заедништво. Настанот покажа дека дури и во најтешките околности, креативноста и човечноста можат да создадат нешто величествено.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.