По спроведувањето на последните парламентарни избори според пропорционалниот модел во 6 изборни единици, меѓународните заедница (ОДИХР при ОБСЕ, ЕУ, ООН) во неколку наврати препорачаа промена на изборниот модел во пропорционален модел со една изборна единица. Овој модел е препознат како соодветно решение за државата имајќи ги во предвид сите карактеристики на државата како што се големината на државата, густината на население, мултиетничкиот карактер, излезеностa на избори и други специфичности кои ги поседува нашата држава. Оваа идеја во најголем дел е поддржана од страна помалите политички партии и граѓански организации кои сметаат дека ваквиот модел ќе овозможи целосна демократизација на изборите како акт кој ја рефлектира волјата на народот.
Според анализа на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, во последните избори имало 59.841 нераспределени гласови кои претставуваат 8 мандати изгубени во гласови на граѓани кои не играле улога односно не биле трансферирани во мандати во дистрибуцијата на пратениците во собранието. Исто така, анализата покажува дека за еден мандат во изборна единица 1 потребен број на гласови биле 12.124, додека најмал број на гласови бил потребен во изборна единица 6, односно 5.353 гласови за еден мандат. Ова покажува дека изборниот модел не ги вклучува сите граѓани кои излегле да гласаат и дека овој изборен модел не е еднаков во сите изборни единици.
Со таа цел институтот Ромалитико ја поздравува иницијативата за промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи без праг, затоа што се потребни реформи во изборниот модел со цел да се обезбеди вклучување на сите граѓани кои гласаат во дистрибуцијата на пратеници и избор според свои убедувања за кандидати во отворени листи без наложување на партии во затворени листи. Исто така, треба да биде избегнат изборен праг во дистрибуцијата на пратеници за да се обезбеди партиципативна демократија, односно секој глас да биде валоризиран. Со промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи без изборен праг се гарантира дека ниту една заедница нема да биде оштетена, а воедно ќе се обезбеди еднаков натпревар на политичките партии.
По негативниот став на мнозинските политичките партии за промена на изборниот модел во една изборна единица, Ромалитико ја охрабрува дебатата за промена на изборниот модел со вклучување на сите политички фактори, помали политички партии, етничките партии, меѓународните организации и граѓанските организации директно да учествуваат во креирањето на консензус за реформите во изборниот модел пред да се донесе одлука за задржување на истиот пропорционален модел или промена во модел со една изборна единица. Ургентноста за промена на изборниот модел пред локалните избори е предизвик но воедно и потреба за да се унапреди локалната демократија. Оваа промена веруваме дека ќе биде стимул за многу движења, активисти и други борци за локална демократија да се кандидираат за советници во општините како и да мобилизираат поширока маса на луѓе со цел за поголема излезност и изразување на својата волја во донесување на одлуки. Без учество на сите засегнати страни за изборниот модел се нарушува легитимитетот на одлуката, а воедно не се следат препораките и стандардите на меѓународната заедница.
Лице за контакт:
Дениз Селмани
Програмски менаџер
Телефон: 078 367 400
Емаил: d.selmani@romalitico.org
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.