Spread the love

По формирањето на владата со коалицијата „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнила во целост ветувањата дадени кон ромската заедница. Она што требаше да биде симбол на политичко вклучување на Ромите во македонското општество, брзо се претвори во уште еден пример на политички манипулации и празни ветувања.

Ветувањето за претставник од ромската заедница во Собранието преку Ерџан Демири председателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Општина Шуто Оризари, кое беше најавено како сигурен влез во парламентот, остана неисполнето. ВМРО-ДПМНЕ, по три месеци на власт, го покажа својот вистински став кон ова прашање, истакнувајќи дека политичката лојалност и интересите на партијата се поважни од ветувањата кон малцинствата.
Нашите информации добиени по пребројувањето на гласовите на парламентарните избори сугерираа сигурен влез на Ерџан Демири како единствен ромски пратеник. Иако имаше коментари кои ги негираа овие информации како неточни, на крајот се покажаа како точни.
Еден од позитивните чекори кои ВМРО-ДПМНЕ го направи е враќањето на безресорното министерство кое претходно беше укинато од СДСМ.
СДСМ го укина ова без ресорно министерство под влијание на една голема „ филантропска„ финансиска корпорација која имаше учество и финасирање во време на „Шарената револуција„ на СДСМ со тогашниот нивен лидер Зоран Заев.
Раговорите со одредени ромски НВО преставници кои ја финансираа „Шарената револуција„ бараа да се укине ова министертво а на негово место да се постават советници од редовите на ново формираните ромски НВО под влијание и подршка на таа голема „ филантропска„ финансиска корпорација, во кабинетите на премиерот и председателот на државата кои би требало да работат на ромски прашања .
Ова министерство има за цел да работи на имплементација на стратегијата за ромите и претставува симболично, но важно признание за потребата од посебно внимание на прашањата кои ги засегаат Ромите.

Сепак, и покрај враќањето на ова министерство, фрустрациите остануваат. Имено, дел од Ромските партии кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ добија одредени позиции во новата влада, како што се заменичките места во министерствата за односи со заедниците и локална самоуправа. Но, наместо да се постават личности со интегритет и доверба во заедницата, на позициите беа поставени лица кои не уживаат голема поддршка од ромскиот електорат. Ова само ја продлабочи фрустрацијата и чувството на изолација кај Ромите.

ВМРО-ДПМНЕ, како и СДСМ пред нив, треба да разберат дека манипулацијата со ветувањата кон малцинствата може да има сериозни политички последици. Ромската заедница, која веќе долго време е маргинализирана и политички исклучена, има право на вистинско претставување и глас во политичките процеси на државата.

Историјата покажува дека политичките партии кои ги занемаруваат потребите на малцинствата на крајот ќе бидат казнети од самите гласачи. Како што СДСМ загуби значителна поддршка од Ромите поради нивната неуспешна политика, така и ВМРО-ДПМНЕ може да се соочи со сличен исход на идните избори.

Потребно е вистинско лидерство и храброст за да се исправат овие неправди и да се обезбеди дека Ромската заедница конечно ќе го добие своето заслужено место во македонското општество. Времето ќе покаже дали ВМРО-ДПМНЕ ќе научи од грешките на своите претходници или ќе продолжи да ги следи истите погрешни патеки.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading