Mozaik
Balkanska Nevipa
Kolimna
Кој управува со светот и зошто народот не знае ништо за тоа?
Од редакцијата на Еуромапресс
Во време кога политичарите глумат борба за народот, а медиумите секојдневно не бомбардираат со сензации и скандали, вистинските газди на светот дејствуваат тивко, зад завеса. Тие не се по телевизии, не даваат интервјуа, а сепак управуваат со сè со нашите животи, држави, пари и иднина.
Ајде да си кажеме право, денес државите не функционираат како што треба. Ниту Македонија, ниту Америка, ниту Франција ,Германија, ниту кој било. Политичарите само глумат дека управуваат, а вистинските газди се други. Народот гласа, се надева, се нервира, а на крај пак некој друг ги влече конците.
Кои се тие кои ги влечат за конците?
Тоа не се тие што секој ден ни ги пуштаат по телевизии како што се Рокфелер, Сорос или Бил Гејтс.
Денес има нова елита. Луѓе што не ги знаеме по име, што не се по наслови, ама преку нивните фирми, банки и корпорации ја кројат нашата иднината.
Такви се шефовите на големите светски компании , BlackRock, Vanguard, State Street. Тие поседуваат акции од сите големи фирми на светот, медиуми, аптеки, банки, нафтени компании, па дури и социјални мрежи. Шефовите на Google, Amazon, Facebook, и Palantir (фирма што работи за тајните служби) тие се денешните газди на светот.
Еден од тие што е појавен во јавноста е Клаус Шваб, човекот што стои зад Светскиот економски форум. Негов план е т.н. „Големо ресетирање“, каде луѓето „ќе немаат ништо, ама ќе бидат среќни“. Што значи тоа? Ќе немаш свој стан, своја кола, ниту пари во џеб ,сè ќе биде дигитално и контролирано од „горе“.
Државите денес не управуваат со ништо
Ај да бидеме искрени , државите денес не се газди ни на сопствениот терен. Политичарите се само извршители на наредби што доаѓаат однадвор. Од Европска Унија, од НАТО, од Америка, од светски банки, или од тие што ги спомнавме погоре. Се прават дека се караат пред народот, ама сите играат по музика на ист газда.
Затоа и цените растат, а платите стојат,се повеќе ни следат преку мобилни, апликации и камери, се носат закони што никој од народот не ги бара, земјата ни ја распродаваат на странци, се зборува за дигитални лични карти, дигитални пари, и укинување на кешот.
А народот? Народот го залажуваат со шоу програми, политички кавги и лажни вести.
Зошто народот ништо не знае?
Затоа што сите големи медиуми се во нивни раце. Не ти кажуваат што навистина се случува. Социјалните мрежи ги цензурираат тие што ќе проговорат. Ако некој дигне глас веднаш го прогласуваат за „теоретичар на заговор“.
Така народот си живее во заблуда, мислејќи дека со гласање ќе смени нешто, а газдите и понатаму си ја тераат својата агенда.
Што следи?
Ако народот не се освести, ќе дојде време кога: ќе немаме свои имоти,ќе користиме само дигитални пари што може да ни ги исклучат ако не сме послушни, ќе се следи секој наш чекор преку телефони и камери, ќе ни наметнуват што е вистина а што не е, преку уцени, казни и,т,н.
Дојде време народот да се освести. Да престане слепо да верува во празни ветувања и манипулации. Да праша, кој управува со нашите животи?
Зошто државата повеќе не работи за народот?
Каква иднина ни се подготвува?
Само информиран народ е слободен народ.
Време е да се отвори темава и гласно да се зборува.
Еуромапресс
Гласот на народот, надвор од контролата на големите
muzika
Panasonic G7, 4K во видео и фотографии
Panasonic G7, 4K во видео и фотографии и Wi-Fi, се разбира, можете да ги зачувате вашите фотографии на вашиот таблет или паметен телефон без да користите компјутер, да ги споделувате вашите фотографии, да ги лоцирате фотографиите користејќи го GPS-светилникот на паметниот телефон или дури и да го контролирате вашиот G7 со вашиот таблет или паметен телефон.
Инсталирајте ја апликацијата Panasonic Image на вашиот паметен телефон и можете да ја користите како далечински управувач и да го активирате G7 далечински. Се продава со објективот Lumix 14-140mm (еквивалентен на 28-280mm), G7 е многу добар компромис за SLR.
Зумирањето од 14-140 mm е повеќе од доволно за големо мнозинство фотографии. Тој е еден од единствените хибриди опремени со разноврсна леќа.
Покрај тоа, Panasonic има опсег од 23 леќи, професионални или аматерски леќи, од кои можете да изберете. Сè што треба да направите е да дозволите да бидете во искушение!