Spread the love

Сеад Исмаил, председавач на Советот на Општина Шуто Оризари, во своето гостување на Ромапрес изјави дека на овие парламентарни избори според бројките кои се покажаа во првиот круг на председателските избори, тешко е ромската заедница да има свој претставник во законодовната власт.

Во еден дел од своето излагање во емисијата, тој се враќа назад во 90-тите години кога ромската заедница имаше по два преставници во Македонскиот парламент. За разлика од тогаш, сега владее големо его, се формираат нови политички партии со кои се разчленува ромскиот електорат, а со самото тоа ромските политички партии не преставуваат никаков политички фактор за било какво преговарање со коалиционите партнери и поставување на ромски политички претставници високо на листи за кандидати на парламентарните избори.

На прашањето дали има шанса барем еден Ром да биде парламентарен претставник на ромската заедница, Сеад одговара со опишување на сегашната состојба со “розова и црна” варијанта. Според него, “розовата” варијанта која би била позитивно прифатлива за заедницата е можност во закондавниот дом на Р.С.Македонија да има три ромски пратеници.

„Доколку СДСМ формира влада заедно со ДУИ, тука можеме од ЕИ 2 да извадиме двајца пратеници, и едно пратеничко место од ЕИ3. Но според бројките кои ги имаме од првиот круг на председателските избори, оваа “розова” варијанта се претвара во “црвена” боја“ – анализира Сеад.

За “црната” варијанта, тој вели дека немаме можност за ниту еден ромски пратеник поради тоа што нема ромски партиципанти на високи места на листите.

„Не гледам вина кај големите политички партии, тука вината ја гледам кај бројките, и направените анализи на големите политички партии кои имаат на увид дека ромските политички партии немаат можност да донесуваат големи бројки за да партиципираат на високи места на листите за кандидати“ – вели Сеад.

„Тие знаат дека нема единство кај нас, и самите си велат: „Ајде ке одиме, ке земеме по неколку ромски гласови тука, таму, онде… и ке им дадеме нешто во третиот ешалон.“ За жал, ова е стварниот епилог од овие избори.“ – вели Сеад.

Сеад исто така пред крајот на емисијата ја истакна големата штета, за која вели „Твоја штета, мојот ќар“, споменувајќи ја новоформираната ромска политичка партија „Аваја“, која ќе го загрози сигурното добитно место на председателот на ПЦЕР Самка Ибаримовски, кој е носител на листата во ИЕ5 од коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ. Според Сеад, оваа партија може да земе до 2000-3000 ромски гласови и со сигурност ќе се намалат бројките, односно, поделат, а со тоа и поразот е неминовен за целата ромска заедница, поради тоа што ке изгубат сигурен ромски пратеник

Изваден дел од интервјуто на Сеад Исмаил за Ромапрес

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading