Spread the love

На 25 август, Белата Црква, Србија, стана сведок на еден од најшокантните случаи на насилство во последно време. Три ромски деца на возраст од 12, 14 и 16 години биле вмешани во кражба на бензинска пумпа, каде што украле четири енергетски пијалаци и 9.000 српски динари (околу 75 евра). Меѓутоа, последиците од нивниот чин довеле до серија на брутални настани кои го вознемирија локалниот и поширокиот контекст.

Според извештајот на Зоран Рашковиќ, новинар,книжевник , како и координатор за ромски прашања во Општина Бела Црква, децата биле жртви на тежок малтретман од страна на сопственикот на пумпата, Д.Т., и неговата сестра. По инцидентот со кражбата, Д.Т. ги одвел децата во домот на својата сестра, која е сувласник на пумпата. Таму, неговата сестра, која е професионален кик боксер, ги претепала децата, а едно од нив завршило со скршен нос. Дополнително, сопственикот ги принудил децата да си ги бричат главите едни на други додека целата сцена била снимана со мобилен телефон. Видео од овој насилен чин, кое излезе во јавноста, ја шокираше и вознемири јавноста со својата суровост.

Медиумската покриеност на овој случај исто така предизвика контроверзии. Стефан Цветковиќ, администратор на “Белоцрквенски новости”, е обвинет дека ја користи својата платформа за ширење дезинформации и оправдување на насилството. Поради неговата улога во манипулирање на наративот во корист на Д.Т., Цветковиќ дополнително ја комплицирал ситуацијата.

Во одговор на овој шокантен случај, oрганизацијата за малцински иницијативи реагираа со итен допис до Министерството за внатрешни работи на Србија, УНИЦЕФ, германската амбасада и медиумите во Србија. Во дописот, тие побараа внимателно следење на случајот и итна реакција против самоволието и злоупотребата на правдата. Тие нагласија дека законот не треба да биде во рацете на индивидуи кои се над правниот систем на Србија, туку во рацете на правосудните институции одговорни за спроведување на правдата.

Овој случај ја отвори дебатата за правдата и пристрасноста на локалните институции и ја постави прашањето дали правосудниот систем може да се справи со самоволието и злоупотребата на правдата.

Видео линк:

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading