Spread the love

Која е вашата стратегија за останување во коалиција со СДСМ, во однос на негативното мнение кај ромскиот и мнозинскиот електорат во Северна Македонија?

Во месец Април 2019 год.е формирана ПДПР и во програмата ни е наведено дека целите ке ни бидат согласно областите од Стратегијата за Роми и дека ке се залагаме за Евроатланските интеграции на државата и притоа ке прифатиме соработка,сојуз и коалиции со оние партии кои имаат јасен став за ваквите значајни стратешки цели кои се особено битни за нашата заедница.(Ромска).
И тогаш и сега имајки ги во предвид ставовите на најголемите политчки партии (СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ)кои се водечки во креирањето на државните политики и нивното однесување кон напред наведените стратешки цели оценивме дека Коалицијата предводена од страна на СДСМ е со јасен и прецизен став по овие прашања.Од тука и прифативме повторно да останеме во оваа коалиција.
Едната од овие цели веке е и реализирана -членка сме во НАТО сојузот за која е постигнат компромис за кој сегашната коалиција а особено СДСМ трпи критики од опозицијата на темата за која во оваа прилика сметам дека не треба да зборувам за да не повредам нечии чувства,притоа обезвреднувајки го ваквото постигнување.
Но не секогаш политиката е благодарна работа,таа е компромис кога некогаш треба да се донесат и тешки одлуки од национален и државен кој понекогаш се рефлектира негативно на угледот и политичкиот рејтинг.
За возврат на дадената наша поддршка некој ке каже дека не ни е возвратено во иста мера и дека ние сме изоставени или не застапени доволно во владините и локалните институции,и навистина таква е перцепцијата,но некогаш треба да бидеме и самокритични и еднаш да ги прифатиме и грешките кои доста често се и од субјективен карактер.
Можеби некој не може ова доволно да го свати но сигурно ке има прилика тоа поподробно да го објаснам.
Во изминатиот период се соочивме со доста тешки моменти за кои сметам дека сегашната влада и коалиција успешно се справи иако некои мерки и активностите кои беа превземени жестоко беа критикувани а истите мерки ги прифатија,ги ползуваа и не ги одбија.
Зборам за антикризните мерки за време на ковид кризата како и пакетот на антикризните мерки од енергетската криза беа добро примени и искористени и од критичарите.
Дополнително зголемените минимални и просечни плати,пензии како и примањата по основ од правата од социјална заштита не се за потценување а со сите мерки е опфатено и нашето Ромско население,имаме луѓе во јавниот и приватниот сектор,имаме пензионери како и корисници на правата од социјална заштита.
Она што е најзначајно и особено важно за ромската заедница е трасирањето на патот за влез во ЕУ кој со многу јасен став тоа го чини оваа коалиција.
Нашите луѓе ги има насекаде низ светот особено во Европските држави,и сите таму имаме роднини и пријатели.
Сметам дека на нас како заедница природно ни припаѓа европското семејство,ни треба покрај безбедноста, сигурноста и вредности кои се третираат во тие земји,а особено достоинствен животен стандард кој го нуди ЕУ.
Нам не ни одговара овој процес да биде заложен и да се чека 100 години или пак никогаш да не се постигне оваа цел.
Во вториот дел од прашањето имате констатација за негативното мнение кон сегашната власт односно коалиција.
Големо влијание за креирањето на ваквото мнение произлегува од медиумите,порталите или од аналитичари по социјалните мрежи.
Понекогаш можеби нивните истражувања навистина се објективни,но не секогаш се точни и се во корелација со фактичката состојба.
Еве сега со националните медиуми се експлоатира темата околу вистинитоста на презентираните анкети кое нешто најверојатно ке добие своја судска разрешница.
Од теренските посети и активности кои ги имаме со нашата заедница ваквиот став не соодветствува целосно со ставот на заедницата.

Каква е вашата позиција во изборната листа на СДСМ за изборите во 2024 година, ако ви е понудено место?

Како партија не сме на листата за пратеници,иако имавме првични разговори за пратеничко место кое беше понудено,но по извршените консултации во партијата сметавме и одлучивме дека извршната власт е битна за практично учество во креирањето и реализацијата на јавни политики,и истовремено да бидеме поблиску со граѓаните од каде директно се таргетираат проблемите и потребите,а истовремено поефикасно и ефективно истите да се реализираат.
Не дека е помалку важна законодавната власт,но да бидам искрен за разлика од другите, досега се виде кој ефектот на само еден пратеник од една Ромска партија или пак на пратеник Ром кој е член на една од големите партии.
Без пратеничка група ефектот од дејствувањето на поединец пратеник е за анализа, освен ако ситуацијата во собранието е таква да биде со носечка сила.Мислам ме разбирате,а зошто пак немавме и се уште немаме пратеничка група и тоа прашање е за подлабока анализа,но можеби најмногу ова прашање треба да биде упатено кон партиите кои се со седиште во Скопје.

Кои конкретни ветувања ви ги даде СДСМ, за да го подкрепите на предстојните председателски и парламентарни избори?

Како што кажав погоре,се одлучивме за договор за позиции во извршната власт за која сметаме дека се особено важни.
Ке ги спомам само позициите за во Министерството во Труд и социјална политика, Правда,Јавни претпријатија,советнички места во Владата. и др.
Се надеваме дека оваа коалиција повторно ке ја формира Владата и можеби нема да биде изненадување доколку застанеме високо во една од извршните позиции.

Како планирате да го мотивирате вашиот електорат да гласа за вашиот коалиционен партнер?

Од секојдневните посети и разговори со ромското население во 3 ИЕ,неможе да се сподели мнението дека е негативен ставот кон оваа коалиција и навистина бидете убедени во тоа.
Како што кажав понапред мнозинството од нашата заедница ги цени определбите и реализацијата на стратешката цел односно влезот во НАТО алијансата како и напорите за отварање на поглавјата од преговарачката рамка за влез во ЕУ и истовремено го ценат и кочењето на овој процес од опозицијата.
Истовремено не ги потценуваат сите мерки и активности што беа превземени за време на ковид кризата и енергетската криза,како и зголемените плати,пензии и социјалните примања по разни основи.
Свесни сме дека има уште многу приоритети кои ни се предизвик,свесни сме дека има доста како лични така и групни проблеми по одредени области кои треба да се решаваат,но мнозинството смета дека со отварањето на портите на ЕУ значително состојбата ке се подобри така што населението веке си е определни како ке го искористи своето право на глас така што потреба од посебна мотивација за наша поддршка па и за оваа коалица и нема.

Аксел Ахмедовски е председател на ромската политичка партија, Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) од Делчево Северна Македонија.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading