Сега сите се победници
Изборната кампања за Парламентарните избори Македонија 2024, официјално започна вчера, ноа активностите и учеството во изборната кампања започнала уште порано кога и официјално започна председателските избори .
Сите политичките ривали сите кандидати се сметат себеси како победници. Ветувањата и гаранциите се слеваат од сите страни, но дали навистина сите се победници како што тврдат?
Политичките кандидати низ градовите и селата не уверуваат дека тие се чудотворниот лек за сите наши проблеми. Ветувања за подобар живот, надежи за промени кои ќе донесат напредок – сето тоа ни поминува низ уши во овој период на избори.
Но, додека блескавите зборови се излеваат од устата на политичарите, едно е сигурно – конечниот исход ќе го реши самиот народ. И така, во морето од ветувања и прогласувања за победа, средбата со реалноста доаѓа на денот на изборите, првин изборот за председател кој најверојатно ке го реши и идниот мнозински парламентарен состав на Северна Македонија.
Изборите ни даваат можност да одлучиме кој ќе не претставува и кој ќе ги носи одлуките кои ќе влијаат на нашата иднина. Не е момент кога секој може да биде победник, туку кога се почитува демократијата и народот го кажува својот глас.
Дали тоа исто значи и за ромскиот електорат, кој на жалост како и сите предходни избори се политичко расеани од една во 11 ромси политички парти, тешко е да се знае однапред се до пет до дванаесет.
Во текот на изборната кампања, обвинувањата и клеветите се честа појава. Политичките противници често конфронтираат со обвинувања за криминални активности, злоупотреби на службена должност, манипулации и дестабилизации. Овие обвинувања не само што ја деградираат довербата во изборниот процес, туку и создаваат конфузија меѓу гласачите и ги дистанцираат од политичките актери.
Клеветите и обвинувањата се често користени како стратегија за дискредитација на противникот и за дефокусирање од реалните проблеми и предизвици што ги има заедницата.
Во оваа врева и гласност на изборната кампања, да не ја заборавиме нашата моќ како гласачи. Најголемата победа е кога сите ќе излеземе да гласаме, ќе го кажеме своето мислење и ќе испратиме порака каква иднина сакаме за нашето општество и пред се за нашата ромска заедница.
Све зависи од нас дали кеги избираме вистинските или лицемерните.
Но како и да е, ние одлучуваме, а тоа значи дека ние а не тие се победници.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.