Spread the love

Нема повлекување на Сорос од Европа го држи насловот на онлине порталот Политико, каде Александар Сорос син на големиот филантроп и фондатер на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос.
Тој во своето интервју за политико ги демантира вестите кои се проширија овие денови дека Фондацијата Отворено општество ОСФ) и Сорос ја напуштат Европа.
Александар Сорос потврдува дека Европа останува и понатаму стратешко значење за работата на ОСФ, надоврзувајки се на финасирањето на својот татко Сорос на независни мислители уште од раните 1980-тите години.
« Општо земено, во Европа сме сведоци на поместување кон исток. Војната во Украина ќе има нераскажани последици, додека подемот на Полска како водечка економија на крајот ќе ја направи нето придонесувач во ЕУ. Иднината на одговорна, демократска влада во Европа сега се одредува не само во Париз и Берлин, туку и во Варшава, Киев и Прага“- вели Александар.
Ваквиот нов концепт односно поместување кон исток, за Александар значи дополнување на функционирањето на глобално ниво, со што би се менувале приоритетите на ОСФ во Европа, со кој фокусот ке биде ставен на денешните предизвици.
Со ваков дополнителен концепт ке се намали бројот на вработени со што би се обезбедиле повеќе пари таму каде што е најпотребно.
За Александар Сорос ова не е никаков вид на повлекување.
„…. Дополнително, членството во ЕУ ќе ја зајакне европската безбедност и ќе избегне создавање геополитички вакум.
Ние, исто така, ќе продолжиме – и драматично ќе ги зголемиме – нашите напори да обезбедиме еднаков третман за најголемото етничко малцинство во Европа, 12-те милиони Роми кои главно живеат во Источна Европа.
…. Ние нема да ги напуштиме сојузниците кои се залагаат за демократски права пред лицето на автократите и потенцијалните диктатори – ниту во Европа, ниту во остатокот од светот.
Но, треба да бидеме подготвени и способни да одговориме на неизвесна и опасна иднина„- вели Александар Сорос.
Ова е само дел од интервјуто на Александар Сорос, претседател на Фондацијата Отворено општество.
Целиот интервју можете да го прочитате на следниот линк:

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading