Светот сведочи на страотните снимки и фотографии од аеродромот во Кабул , главниот град на Авганистан.
Иљадници луѓе , мажи жени и деца на било каков начин се обидуват да влезат во авионите наменети за евакуација на соработниците на земјите членки на НАТО , кои сите овие 20 години работеа за нивната администрација. Меѓу нив се и новинари од различни редакции, женски активисти и други.
Стравот од Талибанците е очигледен пред се кај женската популација во ова исламска држава, каде Талбинаскиот исламски режим не им дозволува работа на жените, излегување од дома сама без присутво на маж од нејзиното семејство, забрането школување на девојки помлади од 10 години, обавезно носење на бурка како и строга забрана на жените во било какви активности надвор од семејната кукја.
Овие закони доколку се прекршуват следува строги казни, како што е камшикување, ампутација на екстремиитети…
Многумина од нив кои се обидуваа да се спасат, качувајки се на крилата на авионите, или бесејки се за тркалата на авионите настрадаа по самото полетување на авионите, за кој сведочат безброј фотографии и видеа кои се шират низ социјалните мрежи.
Повлекувањето на американската војска која ја започна предходниот американски председател Доналд Трамп, а, ја заврши сегашниот актуелен председател на САД Џон Бајден и воопшто целокупната состојба во Авганистан, ке биде цел на многу експерти кои допрва ке треба да ги анализират работите и последиците за авганистанскиот народ во времето кое доаѓа под талибанскиот строг шеријатски закон.
Ваквиот брз потег на американската администрација за нивно експресно повлекување, иако имаа информации од службите за разузнување за талибанскиот успех во блиц освојување на провинции па и цели градови, како и оставање на голем број на американско оружје кој паднаа во нивни раце меѓу кои се еден број на хеликоптерите „Блек Хок„ остава сомнеж за веќе однапред планиран исход на настанатата воена но и бегалска криза.
Во Европа разните политички партии се поделени кога станува збор за прием на бегалците од Авганистан.
Левичарските партии се противат на десничарските и конзервативните партии ,индетификувајки дека овие мигранти не се терористи, туку луѓе кои работеа во служба на земјите членки на НАТО, а, беа стационирани во Авганистан.
Било како и од која страна да се зазеде позиција, на Европа и следува покрај Сирискиот и Африканскиот уште еден голем мигрантски бран од Авганистан.
САД ја разбраа пораката од пред неколку години, дека Европа, пред се Франција и Германија забрзано работат на формирање на Европска војска надвор од Алијансата на НАТО, пред се поради бројните одлуки на Алијансата со која командуват поголем број на аамерикански генерали, а кои не ги почитуват одлуките на своите партнери од Европа, кога станува збор за воена акција во одредени делови на Светот.
Во многу такви акции американската војска мораше сама да учествува во воени акции без помош на своите НАТО сојузници.
Ваквата иницијатива на Европа била посилна во времето на Доналд Трамп, но со доаѓањето на Бајден ова инцијатива е ставена во мирување , поради ветувањата на Бајден за смена на американскиот воен курс кон Европа.
САД никогаш не посакувал силна воена Европа, САД не трпи конкуренциа, а тоа досега јавно го покажаа во сите воени конфликти кои беа наметнати од нив самите, во решавањето на божемските човекови права во одредени држави каде тиа самите имаа било каков интерес.
Сириската криза, ја наполни Европа со мигранти, меѓу кои беа инфилтрирани и голем број на членови на ИСИС кои вршеа терористички напади низ Европа. Европа во ова криза била поделена по прашањето на сместување на овие бегалци.
Истата приказна без разлика колку е далеку Европа од Авганистан ке се повторува пред се од членките на ЕУ кои и во предходниот период на сириската криза не сакале да прифатат сириски бегалци од војната, со заканување за излез од Унијата.
Не дека САД нема да прифатат бегалци од Авганистан, тие ке прифатат, но оние кои работеа за нив и имат доверба во нив и се целосно индетификувани.
САД е безбеден од напливот на авганистански и сириски бегалци поради излолираноста на таа земја од Атлантикот, затоа напливот на мигрантите ке се очекува во Европа, која и така има големи главоболки со илегалната миграција од Африка и од Средниот исток.
Вториот проблем кој Европа ја има со сегашната миграција е нивната не интеграција и почитувањето на законитоста на државата во која тие се наѓат, пред се на нивното наметнување на живот како по дома така и на улица, на работа, во школо едноставно во сите сфери на животот не почитувајки ги вредностите на државата во која се сместени, со што ја зголемуват омразата од домисцилното население кон миграцијата, и оставање на плодно тло на десните радикални политички партии за нивната политичка платформа во антимиграционата политика.
Тоа САД добро го знае, така ослабена Европа не може да им парира на САД.
Она што е врочем важен чин за сегашното повлекување на американската војска од Авганистан, е немањето на доволни срества и потрошените ресурси во овие 20 години од како НАТО ја презема власта од Талибанците .
Можно е тие во овој момент да ја одморат својата војска, и по некое време да побарат повторно од Америкснкиот Сенат за зголемување на војниот буџет и финасирање на повторна воена интервенција во Авганистан против Талибанците, под изговор прекршување на човековите права од страна на Талибанците, и тое е сиурно, оти само два дена по доаѓањето на Талибанците во главниот град на Авганистан тие почнаа да ги барат подржувачите и активистите кои соработуваа со земјите членки кои беа стационирани во Авганистан.
Но она што сега ке биде актуелно е мигранската криза која и се заканува на Европа.
САД ја остави Европа таа сама да го извади врелиот костен од авганистанскиот огин.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.