Spread the love

Според неофицијални информации кои пристигнаа до нашата редакција, вчера активистите на националното ромско движење Аваја избегнаа инцидент од турската заедница од ова струмичка населба, и биле спречени да стапат во контакт со делот на ромската заедница од ова населба. Инцидентот бил избегнат поради повлекувањето на членовите на ова ромско движење.

Од друга страна дел од жителите на ромската заедница, велат дека веќе со години турската заедница ја асимилира ромската заедница преку исламската религија, посочувајки дека сите кои се дел на муслиманската религија во овој дел на градот треба да бидат Турци.

Ваквото асимилирање не е од сега, ова заедница со години наназад е асимилирана преку религијата која оди во прилог на турската заедница во Македонија. Многумина од овој регион не го познават мајчиниот ромски јазик кој не бил пренесуван од колено на колено. Нивните дедовци и баби како и нивните родители под разни форми на притисок, и бенефити се откажале од своите корени. Еден голем број на млади од Струмица сакат да го прекинат овој синџир на срамот, тие самите велат „ И што ако се декларирам како турчин кога тие нас често не викат – Чингене„- што во превод од турски би значил циган.

Ваквите притисоци во времето на пописот во Македонија врз ромската заедница ке ги има и во другите делови на земјата, особено таму каде ова заедница е зависна и подложена на другите заедници било религиозно, политички и економски. Потребно е вклучување на алармот, ваквите инциденти се индикатори дека пописот нема да ја покаже реалната статистичка бројка на ромската заедница во Македонија.

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading