Spread the love

Ги гледам и слушам, како и на секои избори без разлика дали се тоа председателски, парламентарни или локални избори, ветувањата кон ромската заедница се сведува на решавање на социјални проблеми.
Иако решавањето на социјалните проблеми се важни , но понекогаш може да биде потребно и пошироко пристапување како дел од високата политика за да се постигнат значителни промени. Високата политика обично се однесува на донесување системски промени и законски решенија кои можат да влијаат на социјалните и економските услови во подолг временски период.
За жал ние се уште се занимаваме со локални инфраструктурни и социјални решенија, без допир и можност да обезбедиме висока политика која значи законски промени,инвестиции и стратегии.
Се уште немаме вистинска политичка национална борба, а изборите се „НАТПРЕВАР„ помеѓу ромските политички партии наместо заеднички успех.
Не можеме да бидеме сигурни дека претставниците кои се избираат на изборите ке ја променат насоката и дискурсот на заедницата, без разлика кој и какво политичко искуство има на политичко ромската репрезентативност на национално ниво.
Дали ке добиеме еден, двајца или тројца пратенички места. нема да има промени ( се надевам дека ке имаме барем еден преставник во законодавниот дом на РСМ).
Промени нема да има, и ако ги има тоа ке бидат ситни социјални решенија, исто како да ви дадат супа без кашика, и сте принудени да ја јадете со прсти, што значи ниту најаден нту сит.
Далеку од тоа дека ромската заедница и во политичката и во невладината сфера нема капацитет за водење на висока политика, таа ги има но за жал се уште превладува егоцентризмот, самобендисаност,неукост и сопствен интерес кој го стават пред националниот и за штета се уште нереформиран кадар.
Од тука произлегува дека не ромските политички фактори кој тобожем го следат демократскиот систем кој ги вклучува сите етнички заедници и осигурува рамка на еднакво учество на демократски избори, го користи тој главен недостаток, за да обезбеди изборни гласови преку ромските коалициони партнери и дел од ромскиот невладин сектор кој обработува политички активности за одредена политичка партија, што преку манипулации, преку уцени и подмитувања.
Од извршувањето на такви активности, високата политика е органичена вклучувајки го социо-економски не еднаквости, дискриминација и недостаток на пристап до образование и ресурси.
За да се овозможи да се преземат активности кон спроведувањето на висока политика потребен е целосен рестарт и пошироки промени кај ромскиот политички репрезентативци и промена на системот, вклучувајќи подобрени можности за образование, намалување на дискриминацијата и посветеност на сите страни за вклучување на различните гласови во политичката арена.

Тоа би можело да вклучи и сеопфатни промени во политичките партии и институциите, за да се осигура дека сите гласови се слушнати и имаат можност за влијание.
Социјалните решенија не се исти како и високите политички решенија.
Социјалните решенија се насочени кон решавање на конкретни социјални проблеми или потреби во заедницата.
Обично се однесуваат на програми, услуги или мерки кои се наменети да ги подобрат условите на одредени групи во заедницата, како што се образование, здравство, станбено осигурување, вработување и сл.
Социјалните решенија се често локални и се имплементираат на ниво на град или општина.
Високите политички решенија се однесуваат на широки промени во системот, законодавството или политичката структура.
Обично се имплементираат на ниво на држава или државна влада и имаат влијание врз широки аспекти од животот, како економијата, законите, внатрешната и надворешната политика и сл.
Високите политички решенија можат да вклучуваат изменување на закони, стратегии за развој, финансиски мерки, меѓународни споразуми итн.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading