Вистинскиот проблем на човештвото никогаш не бил злото, туку глупоста.
Невозможно е да се бориме против тоа, невозможно е да се спротисавиме на денешниот модерен „табиет„земајки го мобилниот, таблетата или компјутерот и веќе сме се претворили во „сезнајковци„.
Тука не можеме ништо да створиме, ниту со аргументи и факти кои говорат спротивно на нивната глупост, едноставно глупоста го надмаши примарниот интелект, и во многу случаеви “будалата“ дури е и критичка настроена, и целосно задоволна со себе.
Има интелектуално многу добро опремени луѓе кои се глупави, и интелектуално ретардирани луѓе кои се сè само не глупави. Тоа го откриваме, на наше изненадување, во одредени ситуации.
Впечатокот дека глупоста е вродена слабост не е толку силен како оној што ги прави луѓето глупави во одредени ситуации, т.е. дека си дозволуваат да бидат занемени.
А да ја разоткриеш, да ја осудуваш, да ја нафрлиш, нема ни да сфати дека се работи за неа, а после конфликтот ќе ти изгледа како жртва или погрешно сфатена вредност и незапирливо ќе продолжи со истата логика. Сè додека таа не ве излуди целосно и не ве натера да ја оставите да владее, и купуваш риболовни стапчиња и го користиш секој слободен момент да избегаш од нејзината семоќ и како параноичен ги избегнуваш луѓето и местата каде што се сомневаш дека го направила своето гнездо. Глупоста е неуништлива и непобедлива, а животот не е толку често тежок и мрачен поради човечкото зло, туку поради човечката глупост.
Она што најмногу пречи во развојот е дирекното и индирекното мешање на “свезнајковците„ во сите процеси, без разалика на неколку оценки во училиштето.
„Глупавиот “ постојано ракоплескува, лајкува, коментира, прашува се освен себе.
Да се убеди глупав во било што значи да се залажуваш, бидејќи тој веќе подобро ги разбира проблемите на твојата професија и твојот живот од тебе.
Глобалната глупост го претставува она што е многу поопасно за општеството.
Тие се како огледало кој од другата страна нема ништо, го нема неговиот одраз.
Коренот на сите проблеми со кој се соочуваме не е злото туку глупоста.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.