Spread the love

Завчера, на крајот на истекот на рокот за поднесување на изборни листи, на ромската политичка сцена се појави уште една регистрирана ромска политичка партија, која го носи името на поранешното национално ромско движење Аваја. Аваја предходно функционираше како национално ромско движење, и беше дел од повеќе вакви сестрински движења подржани од тогашното РИО, сегашна Нова Ромска Европска Фондација.
После две години, се остварија политичките амбиции на ова неформално национално ромско движење. На почетокот на оваа година, името Аваја престанува да постои како НРП-движење, а нејзините членови-активисти и се вклучува во Ромите за Демократија на Северна Македонија, старо ново движење со исти актери, финансирани од новата Ромска Европска Фондација.
Аваја, како нов ромски политички субјект, на овие парламентарни избори ќе учествува со свои листи за кандидати за пратеници во изборните единици ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5 и ЕИ6.

Преставувањето на партијата, лидерот на партијата Акиф Кариман, критички се осврнува на политиките на Северна Македонија кои, според него, досега немаа слух за заедницата истакнувајќи ги празните изборни ветувања и надежите на заедницата кои се сведени на празна реторика. Кариман ветува политичко заедништво кое ќе претставува моќ, уживање на социјална правда и колективен просперитет. Овие избори ке бидат прв официјален политички пробен пулс на Аваја, за да си ги процени способностите, како и бројот на своите симпатизери, кои добро ги познаваат “дечките” за што воопшто се способни.

Најверојатно поради блиските политички идеологии, таа ке биде тесно поврзана со СДСМ на овие избори, кои најверојатно ке бидат на нивна штета, во однос на погубната политика на СДСМ за време на своите два мандати со своите коалициони партнери, како и бинационалната политика која ја води СДСМ, ставајки ги во понизок ред сотанатите заедници , меѓу кој е и ромската заедница.

За потсетување, во Северна Македонија засега се регистрирани 11 ромски политички партии. Доколку вака продолжи трендот на никнување на ромски политички партии, тогаш ке се соочиме со повеќе партии од колку ромски гласачи.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading