Ана-Снежана Јашаровска позната Ромка инфлуенсер, по потекло од Северна Македонија, која работи и живее во Шведска, реши својот живот да го преточи во пишана форма.
Нејзината автобиографска книга „ Да се биде жена Ромка„ го има првиот нејзин ракопис-манускрипт кој е даден во една издавачка куќа во Шведска.
Според Јашаровска книгата нај веројатно ке излезе од печат до крајот на годината.
Таа планира книгата од шведски да биде преведена и на македонски јазик со што ке биде достапна и за македонските читатели.
За Еу Ромапрес Јашаровска вели дека имала голема желба да напише своја книга, во која ги ги евоцира своите сеќавања за своите тешкотии по пристигнувањето во Шведска.
„ Многу одамна имав желба за да напишам своја книга, каде ке можам слободно и отворено да зборам за своето етничко потекло, и стравот како ке бидам прифатена во Шведска доколку отворено кажам за моето потекло дека сум Ромка.
Во книгата ги пренесувам моите индивидуално персонални детали, со што сакам книгата да биде поавтетична, со доста примери од реалноста со која се соочував, и тешкотиите кои ги имав на својот интеграционен пат во Шведска.
Луѓето ме познават како инфлунцер, шалиџика, сериозна жена која е вистински борец кога е во прашања слободата и еднаквоста на жената Ромка во заедницата.
Никогаш не се предавав на било кој проблем секогаш наоѓав храброст да се изборам, и да не дадам простор на проблемите да се таложат.
Бев пример на многу жени со кои сум активна на социјалните мрежи.
Јас очекувам многу од книгата, моќта на книгата е голема.
Преку книгата сакам да испратам порака дека и ние Ромите сме луѓе, хуманисти, имаме големо срце за опростување, и дека нас не радуват малите нешта.
Она што често го правиме е секојднвната борба за заштита на самите нас, не сме предодредени за големи сукоби, војни конфликти, ние сме пацифисти, и имаме едноставно барање а тоа е да живееме во хармонија со другите, да ги имаме истите права како и останатите,
Книгата е исто така носи порака за охрабрување на оние кои поради својата етнчка припадност имат сопствен стереотип према својата припадност, а тоа се пренесува на своето поколение , со што и денес сме сведоци на многу ромски семејства надвор од Северна Македонија кои не го знаат ромскиот јазик не се декларират како Роми и не се чуствуват дека се Роми од асимилациони причини.
Со нетрпение очекувам книгата да излезе од печат, тое е моје прво пишано дело, и се надевам на позитивна рецензија , и позитивна критика од оние кои ке ја читат.
Како и да е критиката во однос на книгата мене нема да ми пречи.
Сметам дека и позитивната и негативната критика се на доброволна основа.
Сметам дека многу мои пријатели, познаници ке бидат горди на мене.
Моето мото е „ Учи додека си жив„
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.