Spread the love

ЕРП: Кои се главните цели на протестот и кои конкретни измени се бараат во  врска со казната на возачот?

Ромалитико: Главна цел на протестот е да го искажеме нашето незадоволство од одлуката на судијката Марија Клетничка која донела одлука за сторителот да го казни со минимална или казна под пропишаниот минимум, не земајќи ги в предвид членовите 300 ст.2 каде е пропишана казна затвор од најмалку четири години и 301 ст.2, бидејќи секое лице кое ќе се затекне на место каде што има повреден има обврска да укаже помош. Во овој случај сторителот самиот ја предизвикал сообраќајната несреќа и притоа не укажал помош, иако бил должен истото да го стори што треба да се смета за отежнителна околност. Ќе се бара одлуката да се измени и да се земат во предвид сите факти со што би се задоволила правдата.

ЕРП: Кои се плановите за одржување мирни протести и обезбедување на безбедноста на учесниците?

Ромалитико: Како организатори должни сме да го пријавиме протестот во МВР за интересите на безбедноста на сите учесници на протестот, но и останатите граѓани. Секако при пријавувањето на протестот најдоцна 48 часа пред почетокот на неговото одржување во разговор со претставници на МВР ќе биде утврден план и протокол. Воедно, од наша страна се одредуваат редари кои ќе водат грижа за безбедноста на протестот.

ЕРП: Како ќе се споделуваат информациите за протестите со јавноста, вклучително време, место и какви било промени во планот?

Ромалитико: Протестот ќе одржи на 24 ноември (петок) со почеток од 13:00 часот. Маршута на движење на протестот ќе биде од теќето на улица Славеј Планина и ќе продолжи право кон надвожнакот кој се поврзува со Булевар Крсте Петков Мисирков и ќе продолжи право до семафорите кај Мавровка каде ќе се заврти лево кон Основен Кривичен Суд. Информациите за протестот веќе се споделуваат преку медиумите и социјалните мрежи.

ЕРП: Како протестите ќе останат легални и ќе ги почитуваат законите додека изразуваат незадоволство?

 Ромалитико: Како организатори заедно во соработка и комуникација со МВР ќе се погрижиме протестот да се одржи на мирен и достоинствен начин. Овој протест, пред се има за цел мирно изразување на револтот на заедницата кон донесената одлука од страна на судијката Марија Клетничка.

ЕРП: Дали има соработка со локалните власти или други релевантни институции за да се олесни протокот на протести?

Ромалитико: Како што беше нагласено претходно, секако дека имаме соработка со релевантните власти, пред се со МВР кој е задолжен да го обезбедува протестот и рутата.

ЕРП: Дали има долгорочни планови или стратегии за продолжување на застапувањето за промени по протестите?

Ромалитико: Да, протестот покрај изразување на незадоволството и барањето за промена на одлуката од страна на судската власт ќе продолжи со застапување за промени каде што нема да има селективна правда за ромската заедница. Ние сме сведоци на случаи каде што за исто дело, доколку сторителот е Ром/ка да се даде максималната казна, додека доколку сторителот е од друга етничка заедница да се ослободи или даде казна под предвидената минимална казна за делото како што е случајот на Мануел. Ромалитико како организација, но и заедница мора да продолжиме заедно да застапуваме промени во судската власт. Барањата од судската власт ќе бидат прочитани на самиот протест.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading