Spread the love

Светот оној што го знаеме пред светската епидемија на Ковид 19 се промени, станавме лежерни, незаинтересирани ниту пак можеме рационално да ги, не само предвидиме туку и гледаме светските политички збиднувања околу нас.
Се поизвесно е дека се наоѓаме на прагот на војна од пошироки размери, но ние тоа не го гледаме, туку гледаме еден вид тетар, фокусирајки се на лошите меѓу себни параметрални навики.

Не толку одамна, блиска прошлост ,во пирот на крвавото распаѓање на тогашната СФР Југославија, ромските жртви за многумина беа колатерална штета, иљадници протерани, изгубени, убиени од сите страни, едните затоа што биле на спротинвата страна, другите затоа што биле„цигани„.
Ништо поразлично не се случило за време на косовскиот конфликт.

Иљадници Роми, меѓу кои старци, жени и деца спасот ја гледаа во најблиската за нив држава Македонија, која пак им ја затвори вратата пред нос на сите тие иљадници мажи жени и деца, само затоа што некои политичари и светски познати јавни личности, имаа сосесема друг план за нив, а тоа беше нивното враќање во Косово, без разлика на последиците врз нив, а за кој подоцна се обистинија во чин на одмазсилување на жени и девојки ромки, убиства, палење на нивните домови и нивното протерување .

И денес во конфликтот во Украина, станавме неми на проблемите со Ромите бегалци од воениот конгфликт и нивниот третман за време на напуштањето на Украина, третманот за нивниот прием во околните и во Еропските држави, во кои наместо да им се даде статус на бегалец од воена зона,поголем дел од нив се третирани како економски мигранти., во кој бегалците украинци не сакат да бидат

сместени заедно во исто место со ромските бегалци, а во Украина се публицират фотографии по социјалните мрежи на ромки кои се крадци на леб и други прхрамбени намирници, омаловажани, врзани со колоритна трака и боени по лицето и телата со токсична боја.
Ова не е ништо во споредба со црната прогноза за она кое ни престои во блиска иднина.
Радикалната десница во Европа се засилува и континуирано е во подем .
Со децении, се присутна е десничарската кампања за тоа како „странците земаат работа“, дека имигрантите се виновни за криминал и дека сето тоа е причината поради која „домицилниот“ граѓанин е обесправен или живее полошо.
Многумина од вас или не знаат или не ги интересират овие десно радикални политики не се само против мигрантите од Африка и од Азија, туку и против мигрантите од Европа пред се ромската заедница која бега од Источно европските држави во побогатите европски земји поради дискриминација, предрасуди и подобра економска социјална положба во тие држави.
Овие заедници кои живеат во импровизирани живеалишта се често цел на напади на улични банди, ширум Европа, пред се во Италија Франција Германија… со што им оди во прилог на десната радикална политичка идеологија во однос на заплашување и напуштање на државата во која не се добре дојдени.
Прогнозата за војна од широки размери е се пореална поради се почестото звецкање на оружјето, воената реторика во нашето соседтсво, на релација Белград-Приштина, кој може да го запали целиот регион вклучувајки ја и Македонија и Црна Гора, барањето на председателот на Република Српска Милорад Додиќ за отцепување на Република Српска од БиХ, и се погласното уверување на можен конфликт на Кина со САД поради Тајван и други кризни региони во светот.
Дали воопшто сме размислувале за таквата прогноза, што ако се случат таквите зла сценарија, што ке биде со нас?
Ние немаме позади нас да стои некоја голема воена политичка и економска сила на која ке се потпреме во случај на вакви воени сценариа.


Кој ке стои зад нас ако не самите ние, ако ние самите не гледаме непријател еден кон друг, ако ние самите не ги промениме своите наративи кои досега не поделија на, социјална класна разлика, образовани и необразовани , на искусни и неискусни, на религиозни и атеисти, на партиски и непартиски војници…
Како ако сами не ја излечиме таа хронична болест на супериорност кон другиот или другите.
Мораме да се промениме и во расудувањето на позитивните планови и мисли, во спротивно нема потреба да не убијат другите, ке се убиваме сами првин преку нишанот на оружјето свртено еден кон друг, омразата и љубомората која ја имаме еден кон друг.
Не смееме да оставаме амбвивалентно простор за поразлично размислување.
За опстанокот на нацијата се работи.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading