Првиот попис е забележан во Македонија по Втората светска војна и бил одржан во 1948 година во тогашна Република Македонија која бил дел од ФДР Југославија.
Од 1948 до 1971 година според долната статистика процентот на Ромите од 1,7% паѓа дури за 2% во спoредба со другите заедници кои констатно на секој попис се зголемуват од 3 до 5%.
Дури во следниот попис од 1981 до 2002 нивниот процент се зголемува за 3,66%, за што тешко испаѓа виделината на површина поради 54 годишниот слаб пораст на ова етничка заедница.
Постојат неколку фактори за манипулативноста на официјалната од реалната бројка на Ромите во Македонија.
Првата е голем број на Роми од Источна и Западна Македонија кои се декларират како Албанци,Турци, Власи, или Југословени, поради страв од стереотипи и предрасуди за полесно наоѓање на работа иако во тогашна Југославија , било какви предрасуди кон било која етничка заедница со Уставот на СФРЈ било забрането и казниво со закон.
Меѓу другите фактори се најверојатно стравот на зголемувањето на наталитетот на ова заедница која е позната како многудетна, за кои нама правила за колку деца би имало едно семејство.
Ова го почуствувавме на последниот попис одржан во 2002 година во која Ромите во Р.С Македонија бројат 53.879 или 2,66%, што е невозможно во толку долг период ова бројка да биде зголемена за само 3%, ако се земе во предвид споредбата на растот на наталитетот кај другите етнички заедници.
Во 2011 година одлуката да се одржи избор доживеа фијаско по поднесените оставки на членови на председателтвото на Државната пописна комисија.
Одлуката за после долго временски закажан попис на населението е донесена на стаклени нозе.
Политички или само деклариран избор е погубен фактор со кој Ромите би можеле да се соучат на престојниот попис закажан за април 2021 година .
Она што би можело денес да биде камен сопнување со манипулирање или играње на карта на божемската “национална гордост“ .
До пред неколку години многу семејства по потекло Роми не се декларираа како Роми, се додека не започна масовни формирања на ромски НВО и степендии наменети за Роми ученици и студенти.
Денес таквите стипендисти и и грото креатори на ромските НВО не го знаат својот мајчин јазик, па го заменија со странски претежно со англискиот. Не би знаел да кажам, доколку се изјаснат како Ром и на графата на јазикот кој го зборуват, кој јазик ке го напишат?
Ја би сакал да верувам, иако е тоа невозможно дека овој попис ке биде попис кој ке ги задоволува високите стандарди од ЕУРОСТАТ од причини што ниту една голема политичка партија нема да дозволи реални бројки, поради неповолниот демографски тренд.
Населението во Македонија старее, а се поголем број на млади заминаа од Македонија барајки подобар живот.
Меѓу оние кои заминаа надвор од Македонија барајки подобар живот има и голем број на Роми кои се одјавија од својата национална македонска припадност, поради лошиот долго годишен третман на дрзвните институции кон нив.
И на крајот политиката несака реални бројки, оти така и е полесно да манипулира за време на изборите.
Во Македонија полесно се бројат манипулативните лажни прешртани изборни ливчиња отколку населението
Попис на населението од 1948 до 2002 во Македонија
Вкупно – 1.152.986
Македонци – 789.648 (68,5%)
Албанци – 197.389 (14,5%)
Срби – 29.721 (2,6%)
Роми – 19.500 (1,7%)
Црногорци – 2.348
Хрвати – 2.090
Муслимани – 1.560
1953 година
Вкупно – 1.304.514
Македонски – 860.699 (66%)
Албански – 162.524 (12,5%)
Срби – 35.112 (2,7%)
Роми – 20 462 (1,6%)
Хрвати – 2.771
Црногорци – 2.526
Муслимани – 1.591
1961 година
Вкупно – 1.406.003
Македонци – 1.000.854 (71,2%)
Албанци – 183.108 (13%)
Срби – 42.728 (3%)
Роми – 20.606 (1,5%)
Хрвати – 3.801
Црногорци – 3.414
Муслимани – 3.002
Југословени – 1.260
Словенци – 1.147
1971 година
Вкупно – 1.647.308
Македонци – 1.142.375 (69,3%)
Албанци – 279.871 (17%)
Срби – 46.465 (2,8%)
Роми – 24.505 (1,5%)
Хрвати – 3.882
Југословени – 3.652
Црногорци – 3.246
Муслимани – 1.248
1981 година
Вкупно – 1.912.257
Македонци – 1.281.195 (67%)
Албанци – 377.726 (19,8%)
Срби – 44.613 (2,3%)
Роми – 43.223 (2,3%)
Муслимани – 39.555
(2,2%) Југословени – 14.240
Црногорци – 3.940
Хрвати – 3.349
1991???
1994???
2002 година
Вкупно – 2.040.929
Македонци – 1.297.981 (64,18%)
Албанци – 509.083 (25,17%)
Турци – 77.959 (3,85%)
Роми – 53.879 (2,66%)
Србите – 35.939 (1,78%)
Бошњаци – 17.018 (0,84%)
Власи – 9.596 (0,48%)
Subscribe to get the latest posts sent to your email.
Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.