Градоначалникот на градот Куманово Максим Димитривески- Максо пред два дена со помош на тешка механизација и во присуство на безброј полицајци ги сруши двата импровизирани моста кои преставуват пократок пат од ромската населба Бавчи до центарот на градот Куманово.
Според ромскиот портал Ромапрес, овој пат го користеа децата до своите училишта и возрасните кои го користеа мостот за побрз влез во градот како и за извршување на нивните секојдневни потреби.Овие два импровизирани моста кратат 3 километри пешачење до градот и преставува единствен спој на ова населба со градот.
Истиот портал ја пренесува изјавата на градоначалникот Димитриевски дадено есклузивно за Ромапрес вели дека , „никој нема право да реагира, оти мостовите се нелегално изградени без соодветен ДУП и поради безбедноснои причини тие мостови се урнати„. Димитриевски исто така наведува дека ова ромска населба 100% е дивоградба, и покрај тоа што домовите се дивоградби тој сепак асвалтирал неколку улици во ова дива населба и планира да асвалтира уште една.
Со ваков негов став не се согласуват жителите на ова населба, велејки дека ке протестират пред Општината Куманово со барање на изградба барем на еден таков мост кој ке ги исполнува безбедносните услови.
Од друга страна неколку жители од ова населба издвојуват свое мислење во кој велат дека ова што се случи со мостовите од ова населба е најверојатно реваншизам од страна на Димитиревски кој како што велат пред локланите избори, Димитриевски издал наредба на градската полиција за остранување на мултикултиватори- пилани од собраќај кои биле управувани од страна Ромите од овој град, а ги употребуале за сечење на дрвја за домакинствата.
Со таква одлука Димитриевски најде на големо незадоволство од страна на Ромите кој според нив кој им ја оневозможи единствената финасиска егзистенција во зимскиот период.
За потсетување , Димитриски кој барал втор мандат од својата матична партија СДСМ бил одбиен, а тој собирајки потписи станал независен кандидат за втор свој мандат за граданочалничката фотеља за градот Куманово.
За време на овие избори Самет Салиевски ромски активист и член на СДСМ кој во времето на Димитревски бил и советник во градот Куманово, инаку близок пријател на Димитривски се откажа од својот пријател штитејки ги интересите на својта заедница , насочувајки го ромскиот електорат кон неговиот против кандидатот од СДСМ Оливер Илиевски.
Како што вели Димитривески овие мостови не се легални и не се безбедни тогаш зошто не ги сруши во својот прв мандат кога ромската заедница преку активистот Салиевски му помогна на Димитриевски да добие голем број на ромски гласови, и зошто во во вториот негов мандат кога бројот на гласовите од ромската заедница од ова Општина била минимална во изборното конто на Димитриевски.
Која е вистината, дали Димитриевски им се ревашира на Ромите од Куманово поради давањето подршка на неговот против кандидат Оливер Иливески?
Изјава на Димитриевски за Ромапрес(преземено видео од порталот Ромапрес)
Видео од протестот на Ромите за навреда од Димитривески во Куманово 28 Oct 2021
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.