Spread the love

Пораките кои беа испратени од 10-от Берлински самит во Тирана се доста оптимистички за Западен Балкан и нивниот влез во Европската Унија.
Ваквите оптимистички пораки често ги слушаме по руската инвазија или специјална воена акција како сакате наречете ја на Украина на 24 февруари и војната што следеше промени сè.
Не само што руската закана ги турка земјите од Западен Балкан повеќе од кога било да се закотват на Запад, уште повеќе, со одлуката да им се додели на Украина и на Молдавија статусот на кандидат за влез во ЕУ на 23 јуни.

Сега Европската Унија е се погласна дека влезот на Западен Балкан, на Украина и на Молдавија кон европското семејство ке биде уште посилен со нивниот пристап кон Унијата.
Врската со ЕУ и Западен Балкан е се поголема поради рускот конфликт во Украина, поради кој се почесто се збори за влез на овие земји во Унијата до 2030 година.
Но да не заборавиме, сето ова е условено без разлика на напомената година 2030-та.
Францускиот преседадател Емануел Макрон јасно даде до знаење дека проширувањето на ЕУ нема да дојде скоро, се додека во Европската Унија не се изврши внатрешни реформи.
Имајки го во предвид бирократскиот и административниот процес на ЕУ , се поставува прашање колку овој процес на реформи во ЕУ ке трае.

Па од тука и играњето на некои датуми не преставува ништо конкретно, со што останува само оптимизмот кој во реалноста се претвора во песимизам, согледувајки дека некои од земјите кандитати се уште не се спремни поради нивната тромост во нивните реформи.
Диригирањето на САД позади завесата за членството во Унијата на земјите од Западен Балкан може внатрешните реформи во ЕУ да ги стави во втор план пред проширувањето на ЕУ.
Американците се познати дека ниту една своја работа не ја оставиле без реализација на своите геостратешки политички цели.

Но ова според мене би можело да ја опфати Албанија, Молдавија и Украина чиј американски интерес е многу поприоритетен од малата држав С. Македонија.
За Србија се уште постои двоумење во кој правец се движи и дали воопшто сака да биде член на Унијата или нејзината политика се движи кон истокот.
За С. Македонија иако постојат индикации за добра воља таа се уште е на средината на преговорите поради низа на проблеми и услови за нејзиното членство во Унијата.
Северна Македонија веќе мораше да ги надмине големите спорови со Грција, која во 2018 година која го промени името од Поранешна Југословенска Република Македонија во Северна Македонија.
Оттогаш, Скопје ја отвори вратата кон НАТО, во кој влезе во март 2020 година, а теоретски и кон ЕУ.
Но не се застана само на промената на името, од друга страна С.Македонија продолжува да биде условена и од својот сосед Буггарија.

Во октомври 2019 година, Бугарија се закани дека ќе ја блокира посебната рамка на Северна Македонија, обвинувајќи го Скопје за историски негирања и антибугарски ставови поради заедничките аспекти на културата додека Македонците се стремат кон „тековно градење нација“. Бугарија смета дека не го смета македонскиот за посебен јазик од бугарскиот и инсистираше на тоа дека претставниците на ЕУ го избегнуваат терминот „македонски јазик“.
Во септември 2020 година, Бугарија издаде формален меморандум до Европскиот совет во кој ја обвини Северна Македонија дека ги игнорирала нејзините обврски од Договорот за пријателство и поставува барања пред да го укине своето вето.
Франција се вклучува во овој соседски спор со предлог кој целосно не е објавен, и во кој не се споемнува бугарското малцинство туку обврската на македонскста влада да ги заштити малцинствата и заедниците преку спречување на говор на омраза и дискриминација.

Владејачката коалиција на СДСМ го започна амандманскиот процес, за ставање на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот на С. Македонија, но се чини малку веројатно дека тој ќе биде завршен поради силните реакции од конзервативната најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Амандманот — кој исто така ќе додаде формално споменување на другите групи, вклучително и Хрватите, Црногорците, Словенците и Евреите — бара засилено двотретинско парламентарно мнозинство за одобрување. Но, ВМРО-ДПМНЕ, која контролира 44 од 120 пратенички места, дава отпор на промената и ја обвинува Бугарија дека се обидува да ја наметне својата волја на Скопје.
Бугарија не го променува својот став и нејзините барања, таа ке инсистира и нема да дозволи Северна Македонија да влезе во ЕУ, освен ако не наведува бугарско етничко малцинство во уставот.

Од друга страна пак, се погласни се критиките на некои ЕУ политичари кон македонските политички авторитети кои не направија ништо досега по прашањето за реформи, а кои преставуват пречка за влез во Унијата. Тие ја известуват македонската јавнот дека предолгото чекање на вратата пред ЕУ е немањето на рефоми од досегашните влади на Македонија, немањето реформи во борба против корупцијата, правда, економска стабилност, реформи во полицијата, реформи во борбата против дискриминација, и дека се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот.

Засега Македонија нема стабилни институции, голем дел во овие државни институции управуват корумпирани директори, директори кои вработуват свои блиски без потребна професионалност и поткуп, во кој се вмешани и високи политичари на високи позиции и судии.

Без владеењето на правото, која е основа и камен темелник за сите демократии и имањето на јасни правила со кои што се ограничуваат овластувањата на власта и се третираат сите луѓе на еднаков начин, не може оптмизмот на С. Македонија за влез во ЕУ во 2030 година да биде гарантиран.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading