Специјализираното обвинителство на Косово (СТК) официјално го обвини претседателот Хашим Тачи сега веќе поранешен председател за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната од 1998 до 1999 година. години. Обвинети се и тројца други поранешни високи припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Во овие обвиненија спаѓаат убиства на косовски Албанци кои биле политички противници на ОВК. Многу жртви Албанци, Срби и Роми исчезнаti по војната.
Специјалниот Суд за војни злосторства во неколку наврати се обидуваше да најде докази за злосторствата , но без да даде целосна заштита на сведоците, со што се влијаеше на доказите во полза на овбинетите.
И после толку години од прогласувањето на нова држава на Балканот Косово, сеуште нема никакви информации за ичезнатите Роми и други за кои се обвинети дел на припадниците на УЧК.
Повеќе од десетина Роми се уште се во листата на ичезнати , а за кои нивните семејства ја изгубија сета надеж дека еден ден тие ке бидат пронајдени живи.
За време на војната во Косово во 1999 година, 8.000 Роми беа протерани од своите населби во јужниот дел на Косовска Митровица, поради нападите на вооружените Албанци. Мисијата на УНМИК основаше три кампови за 600 повратници како привремено решение. Од засега непознати причини, сместувањето е поставено на местото на напуштената топилница на рудникот Трепча во северниот дел на градот.
По една година од нивното сместување стана познато дека земјата е отруена и многу штетна по здравјето, што беше потврдено со научни истражувања. Десетици луѓе, особено деца, мораа да се лекуваат од труење со олово. По 11 години, ромските семејства беа преместени во новиот бегалски камп Остероде.
Во 2016 година, Комисијата за човекови права на ООН утврди дека УНМИК постапила незаконски при решавање на ромските семејства на поранешната локација за рудникот. Од земјите-членки на ООН беше побарано да придонесат во фондот за финансирање на проекти за поддршка на ранливите Роми.
Ромитe во Косово уште од почетокот беа губитници, тие станаа жртви на конфликтот меѓу мнозинското албанско и српското население. Последиците за нив беа катастрофални, Нивниот број е значително намален. Некои од нив сè уште живеат во логори, а огромното мнозинство избегаа во некој од Европските држави, кои пак иако нивното враќање во ново создадената држава Косово, не им гарантира сигурност, сепак имаме неколку примери на нивно протерување на Косово .
Бесим Хоти беше пронајден мртов во Бошњачка Махала Митровица на 30 октомври 2017 година. Тој беше присилно депортиран од Германија,Вехат Ремзи Џемаили на возраст од 38 години беше прободен до смрт на 7 октомври 2002 година во Гњилане исто така протеран и други .
Меѓу Албанците и Ромите па и Србите на Косово постои голема аверзија, и двете групи ги етикетират за преземање на страна за време на конфликот на Косово.
Ромите на Косово се скоро се целосно исклучени од социјалните текови.
Дури се случува реконструкцијата на оштетените ромски куќи да биде многу потешка и побавна отколку во случајот со Албанците и Србите
Пристапот на децата Роми до училишниот систем е подеднакво тежок.
УБИСТВА ВРЗ РОМИ
За време на конфликтот во Косово постијат многу сведочења за убиства.
Судејќи според изјавите на сведоците, овие убиства се припишуват на припадниците на ОВК и на албанските цивили. Убиствата се најчесто
извршени на суров начин, на која претходело тортура и осакатување, а има и случаи
горење живи луѓе во нивните домови. Точниот број на убиени Роми сè уште расте
не може со сигурност да се утврди, судбината на голем број исчезнати лица останува неизвесна
Постојат индиции дека некои од исчезнатите биле егзекутирани по затвор и дека постојат масовни гробници. Повеќето убиства на Роми биле извршени во Приштина, Пеќ, Обилиќ, Липјан, Призрен и Подуева.
ТЕПАЊЕ И ТОРТУРА
Најчеста форма на лошо постапување кон Ромите од страна на косовските Албанци и припадниците на ОВК се состои во нанесување потешки и полесни телесни повреди со тепање и други форми на нанесување физичко страдање. Припадници на ОВК и вооружени албански цивили насилно влегуваа во ромските домови и малтретираа цели семејства, вклучително и деца.
Тие ги пребарувале куќите по скриено оружје. Тие обично се тепани за изнудување
на разни признанија од жртвата. Прашањата обично беа за имиња на
Ромите кои соработуваа со српските безбедносни сили и имиња на тие кои учествуваа во грабежи на куќи и погребувања на косовските Албанци, како и на местото каде што се наоѓаат скриено оружје и сл.
СИЛУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ
Ромите посочуваат дека жените често биле подложени на насилство од страна на припадниците на ОВК. На жртвите на сексуално насилство, често се нанесуваат тешки телесни повреди. Силувањата биле извршени во присуство на други членови на семејството. Овие случаи се пријавени во областа на градовите Пеќ и Витина.
КИДНАПИРАЊЕ И ИЧЕЗНУВАЊЕ
Многу Роми тврдат дека ОВК има тајни затвори во кои држеа уапсени Роми, Срби и Албанци. Според нив, затворите се наоѓаа во напуштени куќи и фабрики и во седиштето на локалниот штаб на ОВК. .
УНИШТУВАЊЕ НА ИМОТ И ГРАБЕЖИ
Под изговор за потрага по украдени предмети од албански куќи, членови на
ОВК и вооружени албански цивили влегуваа во ромски куќи, ограбуваа и провалува во нив.. Често се палеле куќи, како и цели ромски населби ,имотот и грабежите биле широко распространети во Пеќ, потоа Гњилане, Липјан, Обилиќ,
Џаковица , Клина, и Приштина.
Ромските куќи беа изгорени сосе мебелот , додека во Клина и во Србица биле ограбувани.
ПРИНУДНО РАСЕЛУВАЊЕ
Покрај заканите, заплашувањата, физичкото малтретирање и уништување на имотот, имало и насилни принуди да го напуштат Косово. Според нивните сведоштва,
протерувања беа извршени низ целото Косово – припадници на ОВК и вооружени Албанци насилно влегувале во ромски куќи преку закани или физичко малтретирање ги принудувале Ромите да ги напуштат своите домови.
Користење на принудна работа
Косовските Албанци ја применија истата матрица на репресија врз Ромите како и Србите над нив во периодот од 24 март до доаѓањето на КФОР. Тие ги принудија Ромите да работат за нив, да учествуваат во грабежи на напуштени српски куќи и погребување на убиени лица. . Судејќи според изјавите на Ромите, разликата помеѓу присилата што ја има Србите и принудата од страна на Албанците е дека Албанците, за разлика од Србите, не дадоа надомест. Вакви случаи се пријавени во Пеќ, Обилиќ, Исток и Клин.
Дел од информаците се преземени од странски набљудувачи и истражувачи на злосторства за време на конфликтот
Мозес Соломон
(Мухаџер Сулејман)
Subscribe to get the latest posts sent to your email.
Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.