Во ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти септември од засега непознати лица од автомобил било фрлено молотов коктел врз месноста каде се стационирани околу 50-тина семејства од заедницата на Синтите во ова италијанско село.
Иако молотовиот коктел предизвика голем пожар за среќа никој од жителите на месноста не настрадаа, но затоа било предизвикана голема материјална штета, како и целосно изгорениот камион кој бил користен за собирање на железо.
Реконструкција на материјалната штета ке биде тешка од финансиски аспект на семејствата, кои единствената материјална егзистенција ја имат со собирање на железо и помош по куќи од страна на жените од заедницата .
Според Дијана Павлович одговорна во Khetane , (национално ромско движење од Италија) за ЕУ Ромапрес изјави дека расната омраза кон ова заедница ја истакнаа подржувачи на националните лидери на „ Fratelli d’Italia„, уште во 2019 година за време на изборната кампања во Прато, со закани дека местото каде е сместена ова заедница ке треба да се срамни со земја, воедно барајки од нив да го напуштат ова село.
Павлович исто така вели дека заедницата – Синти припадници на евангелистичката религија никогаш не создале никакви проблеми во областа, каде работат и кои веќе имаат свои домови во селото од кои се овластени од општината Прато, но и покрај тоа тие систематски трпеа непријателски дејствија како и овој криминален напад.
Националното ромско движење Khetane- Дијана Павлович ке бара од полицијата да спроведе сериозна истрага за да ги идентификува одговорните, за да ја заштити оваа заедница и во меѓувреме да спречи понатамошни напади кои би можеле да резултираат со масакр на семејства.
„Исто така, бараме од сите политички сили јавно да го осудат овој гнасен, криминален и расистички чин и да изразат солидарност со семејствата со учество на манифестацијата во сабота на 25 септември од 17 часот со претставници на заедницата Прато и италијанската заедница заедно со здруженијата од префектурата Прато.„ – вели Дијана Павлович.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.