Spread the love

Добредојдовте во магичниот свет на „дувачите“, каде што инструментите не се штимаат, нотата е непозната категорија, а аплаузот доаѓа од место каде што нема слух за вистинска музика.

Овој оркестар, чии главни ѕвезди се колнат во својата виртуозност, свири на инструменти на лицемерие, медени ноти и лични интереси. Нивната музика, иако расфрлана, се слуша насекаде, но ретко кој ја разбира.

Во центарот на овој музички циркус се членовите на оркестарот кои, како мајстори на лицемерието, својата кариера ја граделе врз основа на непочитување на правилата на музичката уметност. Нивните инструменти се подесени да произведуваат пофални звуци, дури и кога има очигледни несовршености во нивната изведба.

Овие уметници ја преплавуваат сцената со своите гласни изведби, но ретко кој ја разбира суштината на нивните текстови. Нивните песни се измешани со тоновите на луѓето кои викаат за сиромаштија, дискриминација… создавајќи единствена симфонија на иронија и бесчувствителност.

Нивната популарност, ниту расте ниту паѓа, тие се мајстори за манипулирање со публиката (читај со евро-долар). Тие знаат како да привлечат внимание, дури и кога нивната музика не допира до срцето на слушателот. Нивниот талент за составување приказни кои одговараат на нивните интереси ги прави неприкосновени диригенти на овој бизарен оркестар.

Нивната дувачка егоцентричност зазема централно место, а нивната виртуозна способност да ја избегнуваат реалноста е импресивна. На ритамот на лагите успеваат повторно и повторно да ја придобијат публиката која несвесно се става во редот на оние кои не ја разбираат вистинската уметност.

Додека другите уметници вредно ги практикуваат своите инструменти овие „дувачи„ ја практикуваат уметноста на преживување на музичката сцена без оглед на квалитетот на нивните изведби. Нивната уметност на лажење, сепак, има своја публика која ужива во оваа развратна симфонија.

Додека овој оркестар ги дува градите тврдејќи дека е најдобар во својот жанр, се поставува прашање како нивната музика успеала да ги воодушеви оние од „Калимеро нема правда„. Можеби е време да се свртиме кон вистинските уметници кои со својот труд и талент создаваат вистинска музичка магија, (ако има такви) оставајќи ги „дувачите“ да ја свират својата нехармонична серенада на лицемерието позади музичката сцена,

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading