Spread the love

Шестиот извештај на Европската комисија против расизмот и нетолеранција (ЕКРИ) која има направено мониторинг за Северна Македонија и кој било усвоен на 29 јуни 2023, а објавен на 20 септември 2023 година покажува на слаби резултати од страна на Владата и владините институции во борба против омразата, анитроманизмот, домувањето, здраството,вработувањето и сегрегацијата во училиштата во кој ги посетуват ромските ученици.

Говор на омраза
Во својот извештај ЕКРН на 30-тата и 47-та страна од извештајот пишува дека говорот на омраза кон Ромите за жал се уште е честа појава во секојдневниот јавен живот и ретко се пријавува, и е широко распространет на интернет и на социјалните медиуми.


Според извештајот во делот на говор на омраза е наведено исто така и насилството кое е потикнато од говорот на омразата врз членовите на ромската заедница, во која го наведува конфликтот со заедницата Роми во Кочани и македонското население од истиот град во 2021 со проектот Кочани кое бил финансиран од ЕУ во вредност од 4милиони евра за реновирање на ромската населба во Кочани при што едно ромско дете било претепано од неколку лица, кое наводно било фатено од локален македонски жител кога се обидувало да му ги украде дрвата за огрев. Пошироката позадина на овој насилен инцидент вклучува огорченост на локалните етнички Македонци против финансирањето за реновирање/нови градби на домови на Ромите во соседството, при тоа организирајки протести со кој барале да биде псречена било каква градежна работа во месноста каде живее ромската заедница.

Социо-економско исклучување на Ромите 

Во својот петти извештај, ЕКРН детално го опиша социо-економското исклучување на голем дел од ромската заедница, особено во областа на домувањето, здравството, образованието и вработувањето.
И покрај различните национални стратегии, акциони планови и други иницијативи преземени од властите во текот на годините за решавање на овие проблеми, напредокот е многу мал.


На 15 февруари 2022 година, властите усвоија нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030 во која се потврдува оваа севкупна состојба и потребата од забрзано спроведување на јавните политики и активности за подобрување на состојбата на ромската заедница.
Сепак, во извешатјот се вели дека вклученоста на Ромите во креирањето на стратегијата е недоволна и дека властите требало поактивно да ги информираат ромските организации.
ЕКРН преку овој извештај им дава дп знаење на властите во Северна Македонија да имат проактивен пристап кон вклучување на ромската заедница во планирањето и спроведувањето национални акциони планови .

Домување

ЕКРН во својот извештај ја наведува и потребата за домување кој според овој извештај во текот на последните 4 години не било случено понатамошна распределба на социјални станови за Ромите иако било предходно дефинирано како неопходно потребно за ранливата заедница.


Иако се шират известија дека е многу направено во ова област за Ромите пред се од властите, ЕКРН заклучува дека има многу нејасностии , дали вистински Ромите се корисници на овие станови во тие општини каде што живее ромската заедница.
Овие нејаснотие се образлоќени со следното:
Извештајот за 2016 година наведува дека се завршени 172 станбени единици, од кои 111 се распределени, но само 16 од нив на Ромите.
Состојбата со домувањето за многу Роми сè уште не е решена. Според истражувањето на УНДП, домувањето на Ромите има пониски просечни индикатори за квалитет од оние на неромското население.
Само 74% од домовите на Ромите имаат тоалет, а 84% се приклучени на јавниот канализациски систем, споредено со 92% во двата погледа за остатокот од населението.
ЕКРН исто така става акцент во извештајот за тековен проблем во бавниот процес на легализација на дивоградбите: околу 28% од Ромите не ги легализирале своите домови
поради недостаток на урбанистички планови во нивните општини, недостаток на информации за процесот или неможност да ги покријат поврзаните трошоци.
Оние кои поднеле барање за легализација на домувањето честопати повеќе од пет години чекале одговор од надлежните институции.
Според надлежните, инициран е нов предлог-закон за легализација на дивоградбите, но клучните аспекти допрва треба да се дискутираат и договорат пред да се усвои во Собранието.

Здравство

Во својот петти извештај, ЕКРН го истакна фактот дека очекуваниот животен век на Ромите е приближно 10 години пократок од националниот просек.
Ваквата изразена разлика во здравствените резултати е долгорочен резултат на комбинација на фактори, вклучително и условите за домување, недостатокот на образование, невработеноста и сиромаштијата и нееднаков пристап до здравствена заштита.


ЕКРН, исто така, во својот последен извештај го спомена големиот недостиг на гинеколошки и пренатални здравствени услуги во општината Шуто Оризари, населена претежно со Роми. Граѓанските организации ја информираа ЕКРН дека ова е сè уште проблем, исто така и во другите ромски населби, и, според нив, барем делумно се должи на дискриминаторското однесување на здравствениот персонал.
Во овој контекст, сериозно загрижува тоа што стапката на доенечка смртност кај ромското население е значително повисока отколку кај другото население: во 2020 година (непроменета од
2019 година) стапката беше 10,4 на 1.000 живородени,72 што е двојно
повеќе од националниот просек.
ЕКРН истакнува дека е добро е да се види дека намалувањето на смртноста на доенчињата и зголемениот опфат на жените Ромки со услуги за пренатална и постнатална нега е првата стратешка цел во здравствениот сектор.
Овие цели не моќат да се осврата без носителите на одлуки, со што го прави ранливо ромското население уште позависно од локалната политика и моќ.

Вработување

Што се однесува до невработеноста на Ромите, ова во голема мера е дополнување на проблемот со ниското ниво на формални квалификации што го имаат многу Роми.
Лицата со мало или никакво школско образование генерално се повеќе склони кон невработеност.
Од средината на 2021 година, 92% од сите невработени лица завршиле само основно образование, а некои ни тоа.


Генерално, Ромите имаат пониска стапка на учество на формалниот пазар на труд од другото население. Само 23% од Ромите на работоспособна возраст се формално вработени, споредено со 44% кај целокупното население. Стапката на формално вработени жени Ромки е само 8%.78 Се проценува дека околу 25% од Ромите работат неформално, обично на ниско платени и неквалификувани работни места. Покрај тоа, околу 50% од ромските семејства добиваат социјална помош, која сепак едвај ги покрива трошоците за живот.
Жените Ромки се особено маргинализирани на пазарот на трудот. Тие имаат помала веројатност да бидат формално вработени во споредба со жените од другите заедници.80 Младите жени Ромки, исто така, имаат значително пониски стапки на посетување квалификации и обуки за вештини од младите мажи Роми. Сепак, општ проблем за учеството на Ромите во многу активности за градење вештини и стручно оспособување е формалниот образовен услов за упис, најчесто со завршено основно образование.

Образование

И покрај извесниот напредок, вкупните образовни резултати на децата Роми сè уште се значително пониски отколку кај децата од други националности.
Ситуацијата за учениците Роми беше отежната за време на пандемијата Ковид-19, кога бројот на групи во предучилишните установи беше привремено намален, а присуството беше ограничено на деца чии родители беа вработени.

За 2020/21 година, властите известија дека 24% од децата Роми не продолжиле во средно образование по деветгодишниот период на задолжително основно образование. Иако ова е подобрување во споредба со 31% пред четири години, сепак е во целосна спротивност со националниот просек од само 16%.
ЕКРН исто така го истакна проблемот со дефакто сегрегација на децата Роми во училиштата. ЕКРН известува дека се уште постои проблем во некои училишта во Северна Македонија. Ова е особено случај со училиштата што имаат речиси само ученици Роми во сливните подрачја во кои тоа не може да се објасни со севкупниот локален демографски состав. Најчесто, ова е резултат на тоа што родителите од други националности ги преместуваат своите деца во други училишта кога процентот на ученици Роми ќе достигне одредено ниво.

Неиндетификувани лица

Претходната Национална стратегија за Ромите, исто така, го вклучи важното прашање за личните документи за оние Роми што ги немаат. Во последниве години, властите, во соработка со УНХЦР и ОБСЕ, идентификуваа – вклучително и преку кампања за јавно информирање во 2018 година – неколку стотици членови на ромската заедница кои, во времето на осамостојувањето на земјата од Југославија, немаа потребни документи за докажување на нивниот идентитет за да добијат државјанство.
Во 2018 година, беше усвоен закон со кој на оваа група ѝ се доделуваат привремени матични броеви (ЕМБГ), кои во Северна Македонија се предуслов за пристап до образование, вработување, јавно здравствено осигурување и плаќања за социјална помош.


Идентификуваните лица добиле матични броеви, кои, сепак, поради посебното нумерирање кое станало неопходно како резултат на отсуство на формална документација за лична идентификација, не се препознаваат како подеднакво валидни броеви во административните ИТ системи на јавниот сектор.
Затоа, засегнатите лица сè уште се во голема мера исклучени од јавните услуги.
Иако крајната цел на владата е да обезбеди пристап до државјанство за оваа група луѓе, што ЕКРН го поздравува, овој процес очигледно може да потрае неколку години за да се заврши.
Во меѓувреме, социјалната вклученост на засегнатите лица зависи од функционалноста на матичните броеви што им се доделени.

Антироманизмот во полициското работење

Во неколку случаи, од кои во еден од нив се вклучени малолетници, Европскиот суд за човекови права утврди прекршување на членот 3 од Европската конвенција за човекови права (забрана за тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување) поради неиспитување на наводите на апликантот за расно мотивирана полициска бруталност.


Се почести се насилства и прекомерна полициска сила врз Ромите по основа на расисутчки мотиви како и злоупотреба од страна на полицвиските органи во спреведување на законот за време на полициска интервенција .
Иако против инволвираните службеници е преземена дисциплинска постапка и поднесена е кривична пријава а за некој е донесена и затворска казна , по кратко време по поденесена жалба ссуспендираните полицајци се пуштени на услвно а некои од нив повтроно се вратија на својата должност.

 

Како на сето ова преку свој коментар го гледа ромскиот активист и правник по професија Орхан Тахир:

„Дефакто сегрегацијата на децата Македонци и Албанци во училиштата се истакнува како пречка за образовната интеграција. Интересно е што албанските партии инсистираат на посебно образование на албански јазик. Додека доминантна тенденција кај Ромите е да ги испраќаат своите деца во мешани училишта. Еве уште една остра разлика меѓу приоритетите на албанската и ромската елита. Албанските политички елити работат за Голема Албанија, но Ромите немаат поим што би направиле доколку се случи ова сценарио. Тие се целосно неподготвени исто како Ромите во поранешна Југославија кои не предвидуваа распад на земјата. Во извештајот се споменува и антибугарски говор на омраза и напади. Интересно е четиво кое јасно ги покажува процесите што се одвиваат во Македонија – албанизацијата на западниот дел, зголемените бугарски барања и провокации во источниот дел и неадекватната положба на Ромите кои се на средина како во сендвич. Штотуку видов видео од млад ромски лидер како зборува за пристап до чиста вода!?! Наместо да работат на сопствената ромска агенда, се чини дека овие млади луѓе живеат во некаква утопија повторувајќи ги одново и одново приоритетите на Декадата за вклучување на Ромите, целосно без допир со политичките случувања околу нив. Спиење и сонување, опиени со илузии и ветувања за големи плати и високи позиции во државната администрација или невладините организации. Недостаток на реализам. Тогаш наеднаш ќе дојде крајот на сонот и половината од овие надежни млади луѓе ќе станат имигранти, а другата половина ќе се прилагодат некако на новото геополитичко уредување исто како и претходната генерација југословенски ромски активисти. Сè ќе се повтори. Што исто така значи дека постарата генерација не направила доволно за да ја предупреди и подготви помладата генерација за иднината. Оние со искуство и сеќавање на минатото молчат и набљудуваат како младите ги прават истите грешки. Штета.„

Орхан Тахир ромски активиста и правник по професија

Целиот извештај на македонски на следниот линк:

https://rm.coe.int/sixth-ecri-report-on-north-macedonia-translation-in-macedonian-/1680ac8c49

На француски:

https://rm.coe.int/sixieme-rapport-de-l-ecri-sur-la-macedoine-du-nord/1680ac8c48

на англиски:

https://rm.coe.int/sixth-ecri-report-on-north-macedonia/1680ac8c47

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading