Spread the love

Ромската заедница од Северна Македонија ке има само еден ромски преставник во Законодавниот дом на С.Македонија, благодарејки на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, кои завршија вчера со кој ДПМНЕ освои 58 мандати.
Иако на самиот старт тешко се веруваше поради неговата 12 по ред позиција на листата на кандидати за пратеници,од листата на ДПМНЕ од ИЕ 2 има шанси да освои пратеничко место, се оствари со тоа што на ИЕ 2, ДПМНЕ освои рекродни 8 мандати, а со самото тоа се оствари невозможното во возможно.
Од освоените 8 мандати, тројца од ова листа ке заминат на други функции, едно министерско и два директоски места.
Според законот на државната изборна комисија (ДИК) од членот 153 кој вели:„ Во случај кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, остварувањето на ова право започнува повторно од почетокот на листата на кандидати, доколку на листата има кандидати.„ – тоа значи доколку нема следна жена канидат, тогаш доаѓа на ред следниот кандидат.
Она што е важно да се спомене дека ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари, кој припаѓа на ИЕ 2, издвои 2021 гласови за партијата, што не е толку голем одзив кој ке даде кредибилитет за понатамошното работење и дејствување на новиот пратеник Ерџан, кој пред изборите кажа дека ако стане пратеник како прв приоритет ке му биде борбата за еднакво застапување на ромската заедница во институциите на државата, поголем број на роми полицајци и друго.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading