Spread the love

Елвис Шакири- Ромалитико испрати барање до ЕУ Ромапресс за јавно извинување или јавно повлекување на клевета од страна на ЕУ Ромапрес поради артиклот објавен на 10.09.2023 година со наслов„Елвис Шакири се откажа од позиција во Влада поради позицијата на грантот од УСАИД во висина од 2 милиони евра„ .
Ова барање на Шакири-Ромалитико е врс основа како што пишува во барањето, повреда на чесноста и угледот на Институтот Ромалитико како и на угледотг на извршниот директор на Институтот Елвис Шакири.
Истите во писмена форма барат доколку ЕУ Ромапрес не се извини јавно и јавно не ја повлечат објавата во рок од 48 часа, од нивна страна ке биде поведена постапка за надомест на штетата за клевета.
Ова барање е доставено персонално до главниот и одговорен уредник Сулејман Мухаџер-Мозес, кој е и автор на објавата објавена на порталот ЕУ Ромапрес.
Во контекс на ова нивно барање ЕУ Ромапрес бара јавно од Шакири и од Ромалитико преку образложение да го демантира истражувањето  кои ЕУ Ромапрес го има направено, и со тоа да се информира  јавноста дека сето тоа е  клевата и дезинформации.

Доколку тоа јавно не го сторат, ние би сметале дека нашето истражување  e покриено со веродстојни веродостојни информации.
ЕУ Ромапрес ветува дека во целост без цензура и без корегирање ке го објави демантот од страна на Шакири и Ромалитико.
ЕУ Ромапрес смета дека не е неопходно да се преземат правни мерки, ниту да се покаже дека претрпеле штета или дека првичниот напис е погрешен.
Слободните, независни и плуралистички медиуми, кои имаат корист од слободата на информирање и изразување, се од суштинско значење за правилното функционирање на демократијата.
Слободата на медиумите придонесува во голема мера за заштита на сите други човекови права.
Новинари кои работат на истражување открија многу случаи на тортура, дискриминација, корупција или злоупотреба на власта.
Македонија гарантира слобода на уверување, совест, говор, јавен дискурс, пристап до информации, како и право на одговор, исправка и заштита на изворите, но колку тоа се почитува во релноста е јавна тајна за закани уцени кон новинари не истомисленици и претплатени медиуми кои работат за нечија кауза и се надвор од новинарскиот кодекс за правично и објективно информирање.

Барањето на Ромалитико и на Елвис Шакири:

 

ОД

Институт за истражување и анализа на политики РОМАЛИТИКО Скопје, ул. Мајаковски бр.12-1/18, застапувано од Извршен Директор Елвис Шаќири

ДО

Мухаџер Сулејман автор на порталот https://euromapress.com/author/muhadzer-sulejman/

 

БАРАЊЕ ЗА ИЗВИНУВАЊЕ ИЛИ ЈАВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЈАВНА КЛЕВЕТА

 

Ромалитико како официјално регистриран невладин и непрофитен “Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико” регистриран врз основа на Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија, во рамките на своето функционирање делува во три програми и тоа Политика, Економија и Право, фокусирани на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација, а сето тоа врз основа на позитивните законски прописи на Р.С.Македонија чија мисија е да промовира динамично отворено општество преку анализи и истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, распределбата на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Северна Македонија и Европа.

 

Врз основа на одредбите од чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ве повикуваме на јавно извинување или јавно повлекување на објавата од 10.09.2023 година на порталот https://euromapress.com/author/muhadzer-sulejman/ во кое вие Мухаџер Сулејман се јавувате како автор на истата а во која објава со наслов „Елвис Шакири се откажа од позиција во Влада поради позицијата на грантот од УСАИД во висина од 2 милиони евра„ објавувате невистини со кои изразувате ваши лични мислења, ставови и претпоставки и со истите ја повредувате првично честа и угледот на Институтот и потоа и честа и угледот на извршниот директор на Институтот Елвис Шаќири.

 

Врз основа на тоа а согласно одредбите од чл.8 од „Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во кој е предвидено дека „За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или

 

пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, како и дека „Ако изнесувањето или пренесувањето невистинити тврдења за факти е сторено преку средство за јавно информирање (весници, магазини и друг печат, програми на радиото и телевизијата, електронски публикации, телетекст и други форми на уреднички обликувани програмски содржини кои се објавуваат, односно се емитуваат дневно или периодично во пишана форма, звук или слика, на начин достапен за широката јавност), за клевета можат да одговара авторот на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице..

ВЕ ПОВИКУВАМЕ:

Извинувањето или јавното повлекување на изјавата согласно чл.13.ст.2 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета да го извршите на место и во ист обем како што е направена предметната клевета односно со објава на извинувањето на порталот https://euromapress.com.

Извинувањето или јавното повлекување на изјавата согласно одредбите од чл.13 ст.3 да го извршите, најдоцна во рок од 48 часа од оваа објава по истекот на кој рок доколку на истиот портал од ваша страна не биде поднесено извинување или јавно повлекување на објавата од наша страна благовремено ќе биде поведена постапка за надомест на штетата за клевета пред стварно надлежен суд.

ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ -РОМАЛИТИКО, Скопје

Директор Елвис Ша

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading