Spread the love

Ме радува фактот што дури три жени ромки се носители на советнички листи.

Искрено без политичка или персонална ориентација, мислам дека повеќето ќе се согласат со мене, надвор од секоја политичка или лична пристрасност, Фатма Османовска како прва жена Ромка председател на Советот на Општината Шуто Оризари, колку толку го симна табуто поврзано со жената Ромка во ова Општина, каде доста семејства се конзервативни.

Отворениот пат за сузбивање на таков вид на само дискриминирање на жената ромска во самите конзерватиивни семејства , денес ја отсликува и политичката активност на безброј жени Ромки кои активно се вклучуват во политиката, која во предходни времиња таа била минимална.

Учинокот е денешниот производ на дури три носители на советнички листи , за кои политичките партии решија да им ја дадат втората по големина локална функција на овие локални избори 2021.

Теренот од доминација на мажите Роми се чисти, доаѓа ерата на жената Ромка.

Утре можеби кандидат за градoначалник, задутре кандидат за пратеник, и задутре можеби и председател на некоја ромска политичка партија.

Честитки до сите политички партии кои жената ромка не ја оставија зад машката сенка во ромската политичка сцена.

Честитки, и фер демократски избори до:

– Фатма Османовска носител на советничка листа на ЛДП-ДОМ

– Цвета Џеладин од политичката партија Левица

– Неџмија Саитова од политичката партија на СДСМ

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading