Spread the love

Семра Ибраимова од битолскиот Баир, по утврдување на ЕВН дека незаконски била приклучена на електрична струја, била спроведена во затворот Идризово на одржување на казната.
Ибраимова која има пречки во развојот, иако била редовно повикана на суд, таа не се одзва на судските рочишта, заради кој судот одредил таа да биде спроведена во затворот Идризово.

Снаата на Ибраимова со која ЕУ Ромапрес контактираше, изјави дека денес таа била привремено пуштена дома, и дека на 20 мај ке треба да се врати во затворот Идризово.
„ Само што ја донеле дома, моравме да повикаме брза помош,има силни болки, таа боледува од рак на дојката и вопошто не е арна.Морам да зборам во нејзино име, таа не може да збори,   тоа има   психички проблеми.Нејзе и беа врачени неколку пати писма за судско рочиште, но таа оти не знаела да чита, не знаела што пишува , па така не давала внимание на поканите од судот. Затоа ја зедоа од дома и дирекно ја однеле во Идризово.  „-вели снајката на Семра.
47-годишната мајка на 6 деца кои живеат на маргините на сиромаштијата болно и тешко ги помина затворските денови, со оглед на нејзината болест која секој ден напредува и придизвикува се појаки болки. Иако тешко болна таа мисли што ке стане утре доколку повторно се врати во затворот или не дај боже почине.
Благодарејки на Ремзи Меџик од ромската НВО Баирска Светлина, таа денес е привремено пуштена дома до 20 мај кога мора да се врати на отслужување на казната.
Семра нема никаква пресуда на располагање со кој би се отворил процес на одбрана,
Како што не информирале, ниту полицијата ниту судот ниту од затворот нема издадено никаков документ, по основа на пресудата, време трањето на казната и.т.н.
Според наши информации, ЕРРЦ со адвокатот Сали Сенада изразија желба и готовност да и се помогне во процесот на Семра Ибраимова.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading