Spread the love

Она што се случуваше со Ромите- Домари во сирискиот конфликт се случува насекаде во било кој воен конфликт па така и во актуелниot Авганистан.

Малкумина знаат дека во Авганистан живеат иладници Роми наречени Јоги и племињата на Кочи кој на турски значи номади мигранти.

Племето Јоги кој ја населува областа на Мазар- Шариф во Авганистан живее во тотална сиромаштија.Тие се соочуваат со секојдневна дискриминација обидувајќи се да создадат седентарен живот во земја што не ги признава како еднакви граѓани со останатите Авганистанци.

И во времето на авганистанската администрација под присмотра на западните воени сили пред доаѓањето на Талибаните состојбата на овие племиња не се променила.

Многумина од етничкото малцинство одлучија да се населат во близина на Мазар-и-Шариф, главниот град на релативно мирната провинција Балх, каде што изградија уредни куќи од тула и кал на изнајмено земјиште, но нивната позиција никогаш не била сигурна.

Уставот на Авганистан не ги признава Јоги племето како Авганистанци, со што им го отежнува добивањето на „таскира“ документ за индетификација потребен за секоја административна потреба вклучувајки и купување земјиште каде трајно би се населиле, лекување,образование и гласање.

Често пати има недостаток на храна, нивните деца не ги примат во училиште, често се проколнувани од остнатите.

Пред неколку години УНХЦР сакаше да им помогне на овие племиња со пакети со храна, но за жал беа спречени административно поради немање на евиденција , и немање на лични карти.

Tоа е дел о моделот на дискриминацијата и присилната асимилација над

овие племиња.

Името на племето Јоги е пержовативно, некои тоа го толкуват како европското надено име на Ромите „цигани“.

Овие сунитски муслимани се разликуват од останатото конзервативно разнолико авганистанско население по своите обичаи, имено жените играт иста улога како и мажите во еконосмко издржување на нивните семејства. Нивните керки не смеат да се омажат под 18 години што е спротивно на останатите авганистански краеви каде девојките стапуват многу порано во брак.

Под капитулација над Талибаните жените од племето Јоги се облекува во фустани со светла боја, тие можеа да се видат по улиците на Мазар како питачат, што е спротивно на родовата сегрегирана земја каде повеќето жени се чуват зад зидовите. Повеќето мажи работат како дневни работници или се грижат задобиток.

Многу Авганистанци ги обвинуват дека ги проституират своите жени, учествувајки во забави на свирки.

Предрасудите се многу силни.

Многу Авганистанци не ги сметат за свои сограѓани, без разлика колку долго се настанети во земјата.

Политичарите се немоќни во подобрување на нивната положба. Дури и да сакат тие се плашат од гневот на Авганистанците.

И покрај сето ова, племето Јоги имаше некоја надеж чекајки го председателскиот декрет за доделување на легален статус на овие ромски племиња.

До пред заминувањето во егзил на авганистанскиот председател Ашраф Гани и падот на авганистанската Влада, со доаѓањето на Талибанците на овие племиња биле издадени 1300 документи “таскира„.

Во ова земја со многу проблеми сигурно дека не им било приоритет ромските племиња.

Дури и со указот на декрет на предходнот председател за легализација на овие авганистански жители нема да ги откорне предрасудите и дискриминацијата врз нив.

Она што е сигурно е дека со преземањето на власта од страна на Талибанците овие племиња повторно ке го доживуват пеколот.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading