Spread the love

Спорниот закон за матична евиденција, досега бил игнориран од повеќето пратеници поради низа на непознаници, но и можноста овој предлог закон да биде злоупотребен со манипулација за туркање на дел во овој предлог закон, со кој лицата може да ја менуват ознаката за пол во личните документи.
Според наши извори, предлогот на Маја Морачанин официјален предлагач заедно со предлагачите пратенички Љатифа Шиковска, Даниела Николоа, , Марија Костадинова, Моника Зајкова, Санела Шкриељ и Снежана Калеска Ванчева, сакаа да ја користат итноста на донесувањето на предлогот закон за матична евиденција, се обидоа нивниот предлог да го протукрат на Собраниска процедура, со што би се дало можност преку овој закон за родова припадност.


Иако на неподржувачите на овој предлог закон им било ветено од страна на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска дека овој предлог ке биде во мирување, пратениците од опозиција ја откриле политичката интрига, со што овој предлог не успеал да биде протуркан со итното доведување на законот за матична евиденција.
Овој предлог би овозможувал на лицата да ја менуваат ознаката за пол во личните документи само со нотарска изјава дека полот не им во согласност со нивното чувство .
Покрај ова се предвидуваше и измени во матичните книги не само за етничка припадност туку и измени за впишување на полот, односно кој и како би се чуствувал, дали машко или женско.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading