Spread the love

По вчерашната сторија на ЕУ ромапрес за Семра Ибраимова од Битола, не контактираше д-р Салија Љатиф-Петрушевска, директор на специјализираната геријатриска болница од Скопје, каде Ибраимова беше хоспитализирана пред да си замине дома во Битола.
Д-р Салија Љатиф-Петрушевска не информираше дека пациентката Ибраимова се лекуваше во ова болница по комуникација и барање на директорот на затворот Идризово Зоран Јовановски.
По нејзиниот прием во затворот таа секојдневно била носена во болница за иследување на нејзината здраствена состојба. По петиот ден поминат во затворот, таа била пренесена во Геријатриската болница во Скопје.
“ Иако имаме долга листа на пациенти за чекање и покрај скапата хоспитализација јас веднаш ја примив, пред се како Rомка која искрено многу ме засегна нејзината состојба, но исто така и шокирана како ваква болна жена може да се смести во затвор. Јас се трудев да има беспрекорна нега„-вели д-р Салија Љатиф-Петрушевска.
Што се однесува до вчерашните информации кои ги објавивме на нашиот портал, пред се дека Ибраимова ке се врати на 20 мај во затвор, по што ни го потврдија и нејзиното семејство вчера преку контактот што го имавме, д-р Салија Љатиф-Петрушевска кажа дека тоа не е точно и не знае зошто на семејството на на Ибраимова им се дава лажни информации.
„ Ве уверувам дека Ибраимова нема да се врати во затворот на 20 мај. Јас ја имам нејзината пресуда, за која е осудена за долг од 18 000 денари неплатен долг кон ЕВН, и тој долг сакав јас да го помирам, но затворот излезе во пресрет и го плати целосниот долг кон ЕВН, и со самото тоа таа беше ослободена. Од каде такви и зошто се шират неточни информации не знам„-вели д-р Салија Љатиф-Петрушевска.
Долгот за престојот на Ибраимова кон Геријатриската болница ,д-р Салија Љатиф-Петрушевска вели дека е средено преку центарот за социјална заштита во Битола кој ке и ги намери болничкте трошоци.
„ По поминати неколку дена кај нас Ибраимова реши да си оди дома во Битола, по што семејството ја однело во Битола. На крај им понудив доколку се влоши нејзината здраствена состојба, а ке се влоши со оглд на нејзината болест може да се лекува и во Битола„ – вели на крјот на нашата комуникација д-р Салија Љатиф-Петрушевска.

Линк од предходната сторија за Семра Ибраимова

https://euromapress.com/%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2%d0%be%d1%98-%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b0/

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading