Spread the love

Коалициониот партнер  од  „Храбро за Македонија„ Самка Ибраимовски, носител на листата за кандидати за пратеници во ИЕ 5 со жалење констатира дека во битолскиот  Баир каде претежно живее сиромашната ромска заедница, некои политички партии уште сега ги поткупуват гласовите на овие жители.

Ибраимовски за ЕУ Ромапрес информира дека во неколкуте средби со жителите на Баир, му бараа по 25 евра од гласач.

„ Ми бараа по 25 евра од гласач,како што им нудат и другите партии, јас им кажав дека тие 25 евра нема да им помогнат долгорочно за решавање на нивните проблеми со инфрастурктурата, канализација, електрична струја, сиромаштојата и друго„-вели Ибраимовски.

Во екот на завршување на пред изборната кампања, се повќе партии од кој двете најголеми македонски партии се вклучени во поткуп на ромските гласови, но и Аваја чиј носител  на листата за кандидати е председателот на невладината ромска заедница од Баир.

“ Тие имат свој носител кој е председател на невладина ромска организација во Баир, имам информации  дека ги поткупуват гласовите на ромите од овој град претежно од Баир. Така ме информираа на средбите кои ги имав со нив.
Тие знаат дека немат шанси да извадат ниту еден пратеник, но нив им е битно  да земат што повеќе гласови за да ми ја отежнат победата.

Аваја, заедно со нивните налогодавачи,се платеници да ја поделат ромската заедница, тие не се тука за да и помогнат на заедницата, тие се тука и формирани се за да не разделат.Нивната последна цел е да ги поткопат ромските политички партии,како што тоа го направија со многуте невладини организации кои ги преземаа преку финансиски срества финансирани од Сорос„-вели Ибраимовски и додава:

„Ромите знаат дека овие лажат, тие ништо не можат да направат, затоа што се покажало досега  како фукнционираа и како организација и сега како политичка партија. Тоа се млади образовано едукативни манекени. Сега читам и слушам дека се жалат за притисоци, закани, смешно, нив никој не им се заканува нити уценува тие тајно соработуват со СДСМ, големи манипулатори се.

Тој нивниот налогодавач од Србија,  Менсур Халити почесто се меша во внатрешните политички работи во Македонија, но тој треба да го рачисти својот двор во Србија, па потоа да дојде и да ни крои политики за добробит на ромската заедница.

Јас велам дека ове луѓе се предавници на ромската заедница, тие не заслужуват да бидат дел од ромската политичка фела во Македонија, тие не креират ромска идеологија, тие ја креират гаџованската идеологија. Тие не се самостојни ве лажат тие ги следат политиките и креациите на Њујорк од каде им стигат срествата, исто како што тоа го направија за време на шарената револуција во Македонија„- вели Ибраимовски.

Ова е нивен политички реваншизам кон мене, затоа што често зборам дека се манипулатори дека се обогатија на сметка на ромската заедница„- вели Ибраимовски на крајот во дописот за ЕУ Ромапрес.

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading