Spread the love

Во време кога ромската заедница е вклучена во изборни кампањи, неизбежно е да се размислува за улогата на ромските политички лидери и младите кадри од ромскиот невладин сектор, кои би требало, покрај политичарите, заедно да бидат носители на промените. Многу од нив се промовираат како претставници на ромската заедница, ветувајќи напредок и политичка сила, но фактичката позиција на Ромите не се менува.
Вековната маргинализација и дискриминација оставаат траги, а историјата на ромската политика се изразува со вербален говор и очекувања, кои досега минимално се остварени. Сите тие доаѓаат со привид на идеолошка стратегија, но не и со конкретни акции.
Ромските политички лидери би требало да имаат потенцијал да бидат катализатори за промени во македонската политичка сцена. Тие можат да ги претстават интересите на својата заедница и да ги адвокираат политиките кои ке ги подобруваат условите за Ромите во земјата.
Политичкото ромско движење во Македонија има постигнато малку успеси на политичко ниво, неуспесите се уште се присутни во форма на недостаток на реални промени во политиките и институциите кои влијаат на Ромите.
Политичкиот ангажман на Ромите во Македонија треба да има значајно влијание врз општеството и потребата да се промовира дијалогот за еднаквост и правда. Тие би требало да го подигнуваат својот глас против дискриминацијата и за заштита на своите права, со што би ги правело неопходни актери за подобрување на сите аспекти на животот во земјата.
Прогресивните млади ромски сили, иако грото се дел од невладиниот ромски сектор, се соочуваат со големи предизвици од самата заедница. Недовербата кон нив им ја ускратува нивната идеологија која, пред се, е политичка и која е фокусирана на граѓански промени, надевајќи се за подобрување на условите за Ромите во секој аспект од животот.
Следејки ги сите овие години од осамостувањето на Македонија па до денес,невладиниот и политичкиот ромски корпус како да ги остави работите да течат по права линија, но не со темпо кое би го туркал политичкиот македонски систем за подобар и нелицемерен ангажман кон ромската заедница.
Па од тука се поставува прашањето: дали ромската заедница на престојните избори има доволно сили за вистински пресврт на изборите? Дали може да се претстави како политичка сила која ќе биде неизбежен фактор при изборот на претседател и лица кои ќе бидат дел во Законодавниот дом на Република Северна Македонија?

Од вербални ветувања до вистински дејствија, Ромите треба да избираат лидери и кадри кои се способни да ги застапуваат нивните интереси и да ги бранат од маргинализација. Само тогаш можеме да зборуваме за вистински напредок и заедничка иднина во која Ромите ќе имаат достоинство и еднаквост.
И едно е сигурно, кога Ромите ќе почнат да гласаат за своите интереси и да поддржат кандидати кои ги промовираат нивните потреби и решавање на нивните проблеми, тогаш можеме да очекуваме вистински промени.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading