ЕРП: Ова со градскиот превоз во општината Шуто Оризари е проблем кој трае векје неколку години.
Пред рециси една недела организиравте собир на потписи за петиција која била испратено до градоначланичката на Скопје Арсова.
Што се постигна со собирањето на петицијата?
Демир: Да, токму така пред речиси една недела одпочнавме иницијатива за собирање на потписи од граѓаните за Петиција до градот Скопје односно до градоначалничката г-ѓа Арсовска, преседавачот на совет г.проф.д-р Трајковски и до сите советници членови ма советот. За само два дена собравме над 2.000 потписи од нашите граѓани од различни етникуми. Како што веќе информиравме Петицијата е поднесена во град Скопје и веруваме дека на следната прва седница на советот ќе биде разгледана, прифатена односно ќе имаме позитивно одговор или решение на овој проблем.
ЕРП: Кој е проблемот со кој граѓаните од ова општина секојдневно се соочува со недостиг на јавен транспорт?
Демир: Преку ова Петиција во знак на протес сакаме да го искажеме нашит револт за проблемот со кој секој дневно се соочуваме, и верувајте дека навистина сме веќе при крај со нашето трпение.
Проблемот е во тоа што ЈСП нема капацитет да одговара на потребата на граѓаните. Имаме редуциран број на автобуси.
Замислете ако треба да возат 7, а возат само 3 автобуса.
Автобусите не се на време, граѓаните со часови чекаат на постојките и на крај автобусот ќе ги помине, не застанува поради што е преполн и нема повеќе капацитет.
Следно, ако веќе успеавте да се качете не знаете дали автобусот ќе застане на постојката кај што би требало да застане, а да не зборуваме за дотраеноста на автобусите и нивно често расипување и повторно преместување на патнице.
ЕРП: Со оглед на тоа што вие за време на локалните избори ја промовиравте во општината тогашната кандидатка а сегашна градоначалничка на градот Скопје, од каде на својот изборен конто имала повеќе од иљада ромски гласови,дали се осеќате манипулиран?
Демир: Во целава оваа ситуација не само јас туку сите граѓани кој на изминативе локални изборите нашиот глас го дадовмеза актуелната градоначалничка , се чуствуваме манипулирани. Арсовска и како личност и капацитет во Шуто Оризари беше анонимус, никој не ја познаваше, никој ништо не знаеше за неја.
Ние ја прошетавме низ Шуто Оризари, од врата на врата, ја презентиравме како жена менаџер, капацитет, полна со желби за позитивни промени, но на крај не испадна така.
Да бидам искрен ако ме прашате дали и денес би ја подржал програмата за МОДЕРНО СКОПЈЕ мојот одговор ќе биде ДА, а за Данела ќе биде НЕ.
ЕРП: Доколку Петицијата не успеја дали имате резервен по радикален план, и ако имате во кое својство и со кого ке го применувате планот за притисок врз градот, да обезбеди доволен број и техничко исправни автобуси за потребите на граѓаните од ова општина?
Демир: Планови имаме не би сакал сега да кажам што и како би постапиле. Поддршка барам и ќе барам од сите граѓани, невладини, политички партии, поединци, биквално од сите, затоа што ова е проблем на сите нас.
Ние веќе сретнавме со совтничката група на ВМРО-ДПМНЕ и координаторката Марија Андоновска, од кој баравме поддршка и ни било ветено од нивна страна дека ќе сторат се што е во нивна моќ за да се рњшава овој проблем на нашите сограѓани ,затоа што ние не го засалужуваме ова.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.